Папата пристигна во Мексико

Папата Фрањо на 12 февруари во вечерните часови пристигна во Мексико на своето 12 меѓународно апостолско патување. На меѓународниот аеродром Бенито Хуарез во Мексико Сити, Папата го пречекаа највиски претставници на политичката власт и мексиканскиот епископат и илјадници верници.

Папата Фрањо на 12 февруари во вечерните часови пристигна во Мексико на своето 12 меѓународно апостолско патување. На меѓународниот аеродром Бенито Хуарез во Мексико Сити, Папата го пречекаат највискоте претставници на политичката власт и мексиканскиот епископат и илјадници верници. Папата по пристигнувањето разговараше со група деца, ги поздрави и благослови собраните, за подарок добри уште еден сомбреро.

По краткиот разговор со мексиканскиот претседател Пења Нието, Папата се упати во нунцијатурата каде што ќе престојува сѐ до 18 февруари односно до враќањето во Ватикан. На аеродромот е организиран неслужбен пречек затоа што во 9.30 по локално време на програмата е предвиден свечен дочек во националната палата во Мексико Сити каде што Папата ќе се сретне со претставниците на политичкиот и општествениот живот и дипломатскиот кор.

Во пораката на твитер на пат кон Мексико Папата своето патување го довери на Блажена Дева Марија.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот