Папата прими шестгодишно девојче – жртва на мафијата

Папата прими шестгодишно девојче – жртва на мафијата

Папата Фрањо на 7 јуни 2021 година во Ватикан го прими девојчето Ноеми Стаијано (6), кое пред две години беше тешко рането во мафијашка пресметка во Неапол, и се помоли заедно со неа.

Покрај родителите на девојчето на приватната средба учествуваше и надбискупот од Наполи Доменико Батаља. „Сè уште не можеме да веруваме дека бевме со Папата. Светиот Отец ја фати раката на Наоми и тие заедно се помолија. Тоа беше многу емотивен момент, рече мајката на девојчето по средбата.“

Пред две години, Ноеми била на познатиот плоштад среде мафијашка пресметка и била погодена од куршум, кој и нанел повреди опасни по живот. Сторителот, познат член на Каморе е осуден во 2020 година на повеќе години затвор. Ноеми била оперирана неколку пати и сè уште има последиците од повредата. Нејзините родители, практични католици, веруваат дека нивната ќерка само со „чудо преживеала“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот