Папата прими претставници на различни христијански цркви од Ирак

Папата прими претставници на различни христијански цркви од Ирак

Една година по историско апостолско патување во Ирак, Папата се сретна со претставници на различни христијански цркви од Ирак ги охрабри да го одржат живо нивното присуство, охрабрувајќи ги на единство и дијалог со другите религии, што е напорен пат, но се стреми за мир.

Незаборавна посета – со овие зборови папата Фрањо го дефинираше своето апостолско патување во Ирак пред една година, говорејќи во понеделник 28 февруари 2022 година, пред претставници на различни христијански цркви од таа земја. Папата потсети дека ирачката почва е многу важна, бидејќи тоа е почвата на древните цивилизации на Блискиот Исток и историјата на спасението, христијанските почетоци и првите мисии, но и просторот на прогонетите – како Евреите – од каде што бројни христијани се принудени да заминат поради прогонство и војни, кои се случија сѐ до нашите денови.

Вашите заедници припаѓаат на најстарата историја на Ирак и доживеале навистина трагични моменти, но тие дадоа смели сведоштва за верност на евангелието. Му благодарам на Бога за тоа и ви изразувам благодарност. Се поклонувам пред страдањата и мачеништвото на оние кои ја сочуваа верата по цена на својот живот – рече Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот