Папата: Премногу деца се лишени од достоинство

Папата: Премногу деца се лишени од достоинство

По повод Петтата глобална конференција, која се одржува во Дурбан, Јужна Африка, а се занимава со елиминација на трудовата експлоатација на децата и адолесцентите, папата Фрањо во вторник 17 мај 2022 година упати порака во која повика на сузбивање на оваа појава на решителен, заеднички и храбар начин, како на најмалите би го вратиле животот на кој имаат право.

Сиромаштвото е мајка на секоја експлоатација. Бедата што го придружува недостигот на заштита на основните права е бездна која зафаќа милиони луѓе секоја година, од оние кои не знаат да се бранат, до девојчиња и момчиња, а се затекнуваат како обработуваат ниви, работат во рудници, поминувааат големи далечни, како би имале пристап до вода и вршат работи кои им оневозможуваат да посетуваа училиште, а да не зборуваме за кривичното дело детска проституција – истакнува папата Фрањо во порака до Светската организација на трудот набројувајќи драматични факти кои вклучуваат – како што напиша – милиони девојчиња и момчиња осудени на економско и културно осиромашување.

Да се искоренат причините

Папата им се обрати на учесниците на Петтата глобална конференција за елиминација на детскиот труд, која започна во неделата во Дурбан, Јужна Африка, а завршува во петок. Пораката ја прочита апостолскиот нунциј, надбискупот Питер Брајан Велс, кој ја изрази загриженоста на папата Фрањо за трагедијата, која во последните години се влоши со влијанието на општата здравствена криза и ширењето на екстремната сиромаштија во многу делови на светот. За малите раце кои се многубројни и принудени да го прават она што ниедно дете не треба, Папата ги повика меѓународните и националните власти да направат повеќе за да се искоренат структурните причини за глобалната сиромаштија и скандалозната нееднаквост што сè уште постои меѓу членовите на човечкото семејство.

Одлучна акција

Поради трудовата експлоатација, која често води до најлошите облици на злоупотреба од друг вид, милиони деца се лишени од радоста на нивната младост и од нивното достоинство кое им е дадено од Бога. Затоа, на конференцијата на Светската организација на трудот, задачата е да се подигне свеста за ова прашање со цел да се изнајдат соодветни и ефективни начини за заштита на достоинството и правата на децата, особено преку унапредување на социјалната заштита и пристапот до образование за сите – истакна Папата и додаде: И Светиот Престол, како и целата Црква, се посветува одлучно, заеднички и храбро во борбата против овој феномен, бидејќи со мерка како се почитува вроденото човечко достоинство и основните права на децата открива каква врста на возрасни сме и какви сакаме да бидеме, но и какво општество сакаме да изградиме.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот