Папата предупреди за страдањеата во рударските краеви

Почитување на човечкото достоинство е главната причина за прифаќање и ширење на крикот на заедниците погодени во рударската индустрија во светот – тврди Светиот Отец во пораката по поводот Денот за размислување.

Почитување на човечкото достоинство е главната причина за прифаќање и ширење на крикот на заедниците погодени во рударската индустрија во светот – тврди Светиот Отец во пораката на кардинал Петер Турксон преседател на Папскиот совет за правда и мир, по повод Денот за размислување кој се одвива под геслото „Обединети со Бог слушаме крик“, а кој е организиран во Рим под покровителство на Папскиот совет и латино-американската мрежа Iglesias y Minería.

Папата Фрањо повикува „на ширење на крикот на бројни луѓе, семејства и заедници кои директно или индиректно страдат заради многу често негативните последици во рударската индустрија. Крик заради изгубена земја; крик заради вадење на богатство од земјата кое не произвело богатство за локалното население затоа што тие останале сиромашни; крикот на болка како реакција на насилство, закани и корупција.“

Тоа е крик на огорченост и барање помош заради кршење на човековите права кои јавно или тајно се повредени со оглед на здравјето на населението, работните услови, понекогаш заради ропството или трговијата со човечките битија која ја снабдува трагичната појава проституција; крик на жалост и немоќ заради загадувањето на водата, воздухот и земјиштето; – тврди Светиот Отец.

Папата го повторува повикот кажан во енцикликата „Лаудато си“ да се соработува околу нашата заедничка куќа, спротивставувајќи се на драматичните последици на амбиенталното нурнување во животот на сиромашните и исклучените и напредувајќи кон целосен развој, вклучувајќи и одржувајќи. Целокупната рударска индустрија е повикана радикално да ја промени парадигмата заради подобрување на состојбата во многу држави.

За тоа можат да придонесат владите на државите и инвеститорите, локалните власти кои ги надгледуваат рударските работи, работниците и нивните претставници, меѓународните синџири за снабдување со разни посредници и сите трговци со рударските производи како и потрошувачите.

Сите тие луѓе се повикани своето однесување да го инспирираат од припадноста кон едно човеко семејство и на свеста дека вистинската грижа за нашиот живот и за нашите односи со природата е неразделиво од братството, правдата и довербата едни кон други. Појдувајќи од човечкото единство се создава култура потребна за соочување со сегашната криза – стои на крајот од пораката.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот