Папата потсетува на неизлечените рани од земјотресот во Ирпинија

Папата потсетува на неизлечените рани од земјотресот во Ирпинија

По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 22 ноември 2020 година папата Фрањосе присети на земјотресот што го погоди италијанското население во Кампанија и Базиликате пред 40 години и повика на солидарност со семејствата кои во моментов се во финансиски тешкотии, бидејќи немаат работа или останале без работа и имаат деца. Говорот го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри!

Би сакал да упатам посебен поздрав до жителите во Кампанија и Базилкате, четириесет години по катастрофалниот земјотрес, чиј епицентар беше во Ирпинија и остави зад себе смрт и уништување. Поминаа веќе четириесет години! Овој драматичен настан, чии рани дури и материјални сè уште не се зараснати целосно, ја изнесе на виделина великодушноста и солидарноста на Италијанците. За тоа сведочат бројните збратимувања помеѓу погодените крааеви и оние од северот и центарот, чии врски сè уште постојат. Овие иницијативи придонесоа за тешкиот пат на обнова и пред сè за братство меѓу различните заедници на Полуостровот.

Ве поздравувам сите вас, Римјани и поклоненици, кои и покрај сегашните тешкотии и со почитување на мерките, дојдовте на плоштадот Свети Петар. Посебни поздрави до семејствата на кои им е особено тешко во овој период. Помислете на многу семејства кои во моментот се во тешкотии затоа што немаат работа, ја изгубиле работата, имаат едно, две деца…; а понекогаш и од срам не го покажуваат тоа. Но, вие сте тие што одите и гледате каде има потреба, каде е Исус, каде што Исус има потреба. Направете го тоа!

На сите им посакувам пријатна недела и оние од Безгрешна Девица, многу се силни! И ве молам, не заборавајте да се молите за мене. Добар апетит и догледање.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот