Папата потсети на Светскиот ден на Алцхајмеровата болест

Папата потсети на Светскиот ден на Алцхајмеровата болест

На крајот од Генералната аудиенција во среда 18 Септември 2019 година Папата спомна за Светскиот ден на Алцхајмерова болест, кој се одбележува на 21 септември.

Тоа е болест од која се погодени многу мажи и жени кои поради болеста често пати се жртви на насилства, малтретирање и злоупотреба, кои го нарушуваат нивното достоинство – рече папата Фрањо и поттикна: Се молиме за преобраќање на срцата на сите оние кои се болни од Алцхајемрова болест, за нивните семејства и за оние кои со љубов се грижат за нив. Кон оваа молитва го придружувам и сеќавањето на сите оние кои се заболени од рак, како и тие би биле што повеќе подржувани, како превентивно, така и во лекувањето на болеста.

Следната сабота е празник на свети Матеј, апостол и евангелист. Земете ја за пример неговата подготвеност да го следи Исус. Бил наврзан на парите и ја продавал сопствената татковина за пари. Господ го повика и ги остави сите пари како би го следел Исус. Неговото преобраќање нека биде пример за сите за да можеме како него да живееме како Господови ученици, способни да ги напуштиме сите сметки од овој свет – рече Папата на крајот од Генералната аудиенција.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот