Папата потсети на иницијативата „24 часа за Господ“

Папата потсети на иницијативата „24 часа за Господ“

За време на Генералната аудиенција во среда 27 март 2019 година папата Фрањо потсети на иницијативата „24 часа за Господ“

Поздравувајќи ги верниците Папата потсети дека на 29 март ќе се одржи традиционалната иницијатива „24 часа за Господ”, која ќе започне со покорничка Литургија во 17.00 часот во ватиканската базилика”.

„Би било убаво и од големо значење ако по тој посебен повод нашите цркви останат отворени подолго за да го молиме Божјото милосрдие и да го примиме во Светата Тајна на простување”.

Заштита на животната средина

При поздравите кон полските верници Папата потсети дека на 28 март во Ватиканските градини ќе биде засаден даб од полските шуми, како знак на живата и силна врска меѓу Светиот Престол и Полска, која пред сто години ја извојува својата независност.

„На 30 март 1919 година, Светиот Престол ја призна Република Полска како слободна, продолжувајќи ги своите дипломатски односи со неа. Ова дрво е исто така симбол на посветеноста на Полска за заштита на животната средина. Да заблагодариме на Бог за дарот на слободата, да се молиме таа да биде секогаш во корист на духовниот, културниот и социјалниот раст на вашиот народ и за севкупниот развој на секој човек”.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот