Папата: Потребно е екуменска определба за мир во Африка

Папата: Потребно е екуменска определба за мир во Африка

Примајќи ги во аудиенција претставниците на организацијата на африканските слободни Цркви, во петок 22 јуни 2018 година, папата Фрањо истакна дека африканските народи поседуваат длабоко религизно чувство, чувство за постоење на Бог Создателот и на духовниот свет, додавајќи дека тие исто така даваат голема важност на семејството, љубовта кон животот, децата како Божји дар, почит кон постарите…

Во својот говор Папата напомена дека нивните заедници во релативно кратката историја се одбележани со борба за независност на африканскиот континент и напори да се обликува општество на правда и мир, кои се способни да го бранат достоинството на големата различност на африканските народи.

Папата истакна дека за жал ветувањата за напредок и правда содржани во тој процес не се остваруваат секогаш, па така и денес многу земји и понатаму се далеку од мирот и сеопфатниот економски, општествен и политички развој, кој може да обезбеди одговарачки услови за живот за нивните граѓани.

Свесни сте за предизивкот со кој Африка како таква се соочува, како и оние со кое се соочуваат различните Цркви во остварување на своето послание за евангелизација, помирување и хуманитарна помош – рече Светиот Отец и продолжи: На посебен начин сте свесни за големиот предизвик за овозможување на стабилност, образование и можност за вработување на младите, кои се многу важен дел од африканските општества.

Папата Фрањо рече дека основното прашање на кое треба да одговориме е следното: Во која смисла христијанската порака е радосна вест за африканските народи? Соочени со очајувањето на сиромашните, фрустрацијата на младите и крикот на болните стари и оние кои трпат, Евангелието на Исус Христос, кое се пренесува и живее, се преведува во искуство на надеж, мир, радост, хармонија, љубов и единство – рече Папата.

Посебна задача за христијаните во африканските општества е да негуваат соживот меѓу различните етнички групи, традиции, јазици и вероисповеди, а станува збор за задача која често наидува на препреки поради серизони меѓусебни непријателства – рече Папата. Од таа причина ги поттикна меѓу себе и со другите Цркви да промовираат интензивни средби и екуменски дијалог. Светиот Дух нека ве просветли за да успеете да откриете на кој начин ќе ја промовирате соработката меѓу сите за подобра иднина на Африка –рече на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот