Папата: Потребно е да ги сретнеме сиромашните

Папата: Потребно е да ги сретнеме сиромашните

Потребно е да се сретнеме со сиромашните и да научиме како да делиме, тоа да стане наш начин на живот – истакна папата Фрањо во пораката која ја објави на својот профил на Твитер, на 17 ноември 2017 година.

Во недела, на 19 ноември 2017 година во Црквата за прв пат се одбележува Светски ден на сиромашните. Имајќи го во предвид тој ден, папата Фрањо со своите следбеници на Твитер на 17 ноември ја сподели следната мисла: „Потребно е да се сретнеме со сиромашните и да научиме како да делиме, тоа да стане наш начин на живот.“ И пораката која ја објави на 16 ноември, на својот профил на Твитер ја посвети токму на претстојниот настан, истакнувајќи дека „сиромаштвото не е неизбежно; тоа има причини кои треба да се препознаат и да се отстранат за доброто на многу наши браќа и сестри.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот