Папата: Потребни се парови кои сведочат дека кризата не е проклетство, туку прилика

Папата: Потребни се парови кои сведочат дека кризата не е проклетство, туку прилика

Папата Фрањо прими во аудиенција 600 членови на здружението Retrouvaille, кое нуди помош на парови кои се соочуваат со сериозни проблеми во врската, кои се подготвуваат да растат или се разведени и сакаат повторно да изградат однос.

Папата се фокусираше на три збора во обраќањето – криза, рани и придружба. Се пронаоѓам во вашето искуство, кое нѐ повикува кризата да ја разгледуваме како прилика, во овој случај за квалитетен исчекор во односите, им рече Папата на присустните. Ова е многу важно не смееме да се плашиме од криза. Таа ни помага да растеме, мора да внимаваме да не паднеме во конфликт, затоа што тогаш го затвораме срцето и многу е тешко да се најде решение. Од кризата не може да се излезе ист, говореше Папата или ќе бидеме подобри или полоши. Од кризата е тешко да се извлечеш сам, секогаш мора заедно да излеземе.

Присетувајќи се на дел од Amoris Laetitia кој е посветен на кризите внатре во семејствата, Папа рече дека човечките кризи произведуваат рани на срцето и на телото. „Рани“ за вас е клучен збор затоа што е дел од секојдневниот речник на здружението. Тоа е дел од вашата историја – вие сте ранети парови кои сте поминале криза и кои сте излекувани. Заради тоа можете да им помогнете на други ранети парови. Тоа е вашиот дар, искуство кое сте го преживеале и сте го ставиле во служба на другите. Тоа е скапоцен дар, како на лично така и на ниво на Црквата, рече Папата. Денес постои голема потреба за луѓе, сопружници кои знаат да посведочат дека кризата не е проклетство, туку пат и прилика. Но, за да бидете веродостојни тоа мора да го искусите. Тоа не може да биде само со теориско залагање или „побожен поттик.“

Папата им се заблагодари на присутните затоа што нивните сведоштва му помогнале да ја види врската помеѓу милосрдниот Самарјанец и воскреснатиот Христос кој ги покажува раните на учениците. Таа рана поврзува, рече Папата. Имено во ликот на милосрдниот Самарјанец уште во списите на црковните оци се препознава Исус, објасни Папата. Вашето искуство ни помага да видиме дека Самарјанецот е токму воскреснатиот Христос, Кој ги чува раните во своето славно тело и токму заради тоа може да чувствува сочувство кон напуштениот ранет, кон сите наши рани.

Уште еден клучен збор за семејниот пасторал: придружба, истакна Папата. Тоа се однесува на пастирите затоа што тоа им е дел од службата, но ги вклучува најпрво и сопружниците како заедница која придружува. Вашето искуство, рече Папата е родено од „долу“ како што често се случува кога Светиот Дух буди нови реалности во Црквата кои одговараат на новите потреби. Таков е случајот со здружението „Retrouvaille“.

Соочени со реалноста на толкав број парови во тешкотии или веќе раздлени, одговорот  пред сѐ е придружба. Во тој поглед од помош е уште еден библиски настан, рече Папата, а таа е средбата со воскреснатиот Христос со учениците на патот до Емаус. Исус започнува да оди покрај нив, а без да го препознаат. Ги слуша нивните кризи, ги повикува да раскажуваат и да се изразат. Потоа им нуди друга перспектива, која веќе била напишана, но не ја разбрале. Не разбрале дека Христос мора да пострада и да умре на крстот, дека кризата е дел од историјата на спасението. Кризата сочинува дел од историјата на спасението, тоа е важно, истакна Папата. Човечкиот живот не е асептичен, потопен во алкохол за да не има други работи. Човечкиот живот е живот во криза, живот со сите проблеми кои секојдневно доаѓаат, рече Папата. Да се придружува значи да се “губи време“ за да биде блиску во кризните ситуации, додаде Светиот Отец. Често е потребно многу време, потребно е трпение, почитување, достапност, сето тоа е придружба. Вие тоа добро го знаете, рече Папата на членовите на здружението.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот