Папата: Посланието на Црквата бара слушање на богатството на различните традиции

Папата: Посланието на Црквата бара слушање на богатството на различните традиции

Примајќи ги во аудиенција учесниците на пленарната седница на Конгрегацијата за Источни Цркви, во петок 18 февруари 2022 година, Светиот Отец повика на отвореност кон богатствата на различните традиции, чувајќи ја оригиналноста, но и да се живее единството.

Потсетувајќи на својот претходник – папата Бенедикт XV, основач на Конгрегацијата за Источни Цркви, папата Фрањо во своето обраќање потсети дека тогашниот Свети Отец ја осудил нечовечноста на војната, велејќи дека тоа е бескорисен масакр. За жал, неговото предупредување не го послушале водачите на народите кои учествувале во Првата светска војна, а апелот на папата Иван Павле II останал без одговор. за да се спречи конфликтот во Ирак. Врзани сме за војни. Човештвото кое се гордее со напредокот во науката, мислата, на толку многу убави работи, но назадува во ткаењето на мирот. Тој е шампион во војување, рече папата Фрањо. Тоа нѐ растажува сите, додаде тој – мора да молиме и да бараме прошка за таквиот став.

Заканувачки ветрови

Се надевавме дека нема да има потреба да се повторуваат слични зборови во третиот милениум, рече Папата, мислејќи на масакрите и конфликтите на Блискиот Исток, Сирија и Ирак, во етиопскиот регион Тиграј. Заканувачките ветрови продолжуваат да дуваат во степите на Источна Европа; Драмата во Либан продолжува, оставајќи многумина без леб, додаде папата Фрањо..

Многумина, истакна тој, ги напуштаат тие земји, кои се татковина на Источните католички Цркви, а чии претставници се исто така присутни на аудиенцијата. На овие места, продолжи Папата, се спојува сјајот на минатото и сведоштвата за херојската вера на многумина во сегашноста, со „калта на бедата“ за која сме исто така одговорни и ние и болките кои им ги нанесуваат надворешните сили. Источните католици се како семиња на стеблата и гранките на вековните растенија, носени од ветрот до незамисливи граници, додаде Светиот Отец, спомнувајќи си за основањето епархии низ континентите.

Искуството на литургијата

Папата Фрањо потоа се осврна на темата за евангелизацијата, која е обработена на литургиската конференција по повод 25. годишнината од Упатствата за примена на литургиските прописи на Кодексот на каноните на источните цркви, што Конгрегацијата неодамна ги заврши. Посланието на Црквата бара, според мислењето на Папата, повеќе да го слушаме богатството на различните традиции.

Има искуство во кое „глината“ на нашата човечност дозволува да се обликува, не со промена на мислењето, ниту пак со неопходни социолошки анализи, туку со Словото и Духот на Воскреснатиот. Ова искуство е Литургија, истакна Папата. Ова поттикнува размислување за синодланото одење, додаде тој – не е собор, туку заедничко одење под водство на Светиот Дух. Сведоци за тоа сте вие кои имате древни синодални традиции, рече Папата.

Литургијата, продолжи Светиот Отец, е рај на земјата, како што особено Истокот сака да нагласи. Но, убавината на ориенталните обреди е далеку од тоа да биде оаза на бегство или зачувување. Заедницата на верници се препознава како таква не затоа што се собира, туку затоа што го слуша гласот на Другиот, е упатена на него и токму поради тоа чувствува итна потреба да го навести Христос на својот брат и сестра.

Една и Симфониската Католичка Црква

Папата им се заблагодари на присутните за нивната работа во овие денови, што е и можност за меѓусебно запознавање во рамките на литургиските комисии на различните Цркви и на повикот да чекориме заедно со Дикастеријата и нејзините советници по патот даден од Вториот ватикански собор. Попатно, многу е добро што секој член на една и симфониска Католичка Црква секогаш ги слуша другите традиции, нивните истражувачки и реформски намери, притоа зачувувајќи ја сопствената оригиналност. Освен тоа, Светиот Отец препорача кога станува збор за формата на славењето, да се живее во единство според она што е воспоставено од Синодата и го има одобрено Апостолскиот Престол, избегнувајќи ги литургиските детали кои во реалноста покажуваат поделби од друг вид во рамките на засегнати Цркви.

Сведоштво за единство

Сведоштво за единство, рече Папата, е потребно и во однос на браќата од Источните православни и Православните цркви со кои, како што рече, дури и да не можеме да седнеме на иста евхаристиска трпеза, речиси секогаш славиме и се молиме со истите. литургиски текстови. Затоа, папата Фрањо заврши со предупредување: да бидеме внимателни со експериментите кои можат да му наштетат на патот кон видливото единство на сите Христови ученици. На светот му треба сведоштво за заедништво: ако со литургиските спорови правиме соблазна, си играме со оној, које е господар на поделбите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот