Папата: Полските и германските епископи пример за помирување

„Да го следиме примерот на помирување, од пред 50 години на полските и германските епископи”. Ова стои во писмото на папата Фрањо, потпишано од кардинал Пиетро Паролин, по повод 50-годишнината од писмото на епископите на Полска: „Ние простуваме и бараме прошка”, кое беше одговор на писмото од германските епископи.

Храбриот чин на полските бискупи, во исто време со Вториот ватикански собор, отвори пат на тежок, но успешен процес на помирување меѓу двете земји по трагичните настани од Втората светска војна. Ова го посочи Папата Фрањо во писмото, во кое го истакнува значењето на документот на епископите од Полска, меѓу кои беше и монс. Карол Војтила и кои пред 50 години отворија ново поглавје во историјата на односите меѓу Германците и Полјаците по ужасните години на војна. „Дури и денес – продолжува папа Фрањо – овој чин може да биде модел и пример за сите народи и заедници кои се наоѓаат во тешки конфликтни ситуации”.

По повод 50-годишнината од историската размена на писма, дипломатските претставништва на Полска и Германија при Светиот Престол организираа голем број настани, меѓу кои и Празникот на помирувањето во Тевтонски гробишта на Ватикан и конференција во Институтот Maria Bambina Santissima, под покровителство на кардиналот Џанфранко Равази, претседател на Папскиот совет за култура.

Литургијата беше предводена од кардиналот Герхард Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата, и сослужуваше со кардиналите од Полска Станислав Рилко и Зенон Грошолевски. Присуствуваа девет полски епископи, многу свештеници, монс. Дуарте да Куња, генерален секретар на COMECE (органот кој ги обединува европските епископски конференции). Меѓу учесниците во настанот беа амбасадорите на Полска и Германија, како и амбасадорите на многу други држави акредитирани при Светиот Престол.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот