Папата: Подржувајте ги своите свештеници

На Генералната аудиенција на 1 јуни 2016 година Светиот Отец потсети на Јубилејот на свештениците кој ќе заврши на 3 јуни на 160-тата годишнина од празникот на Пресветото Срце Исусово кој папата Пио IX го основал во 1856 година.

Свештеникот е човек на милосрдието и сочувството, близок до својот народ и на сите на услуга по примерот на Добриот Пастир – рече папата Фарњо во март 2014 година зборувајќи им на верниците од Рим, а тоа е воедно и водечкиот принцип за  Јубилејот на свештениците и семинаристите. Ве повикувам во месец јуни да се моли до Пресветото Срце Исусово со својата близина и љубов да ги поддржуваат своите свештеници за да можат да бидат слика на Срцето полно со милосрдна љубов – рече Светиот Отец.

Во Рим за јубилејот присуствуваат повеќе од шест илјади свештеници. Тие поминаат низ Светата врата во базиликата Свети Петар, а во разни римски парохии се одржуваат катехези и се служи света Литургија. Кардинал Џанфранко Раваси претседател на Папскиот совет за култура за италијанските свештеници одржа катехеза во црквата Света Марија во Валичела односно во Новата Црква.

Осврнувајќи се на значењето на свештеничкиот јубилеј во разговор за Радио Ватикан кардинал Раваси рече дека милосрдието темата на Светата година го дава значење на јубилејот.

На прашање дека Папата често повторува свештениците треба да бидат „големи простувачи“ рече дека на свештеникот му се заканува опасноста да се претвори во „правен чиновник“. Во минатото се нагласувал „судскиот“ аспект на Исповедта, а тоа „изопачува“, ако може така да се каже, вистинскиот дух на помирувањето. Интересно е да се забележи како свети Павле во петата глава од Второто Послание до Коринтјаните кога ја опишува службата на помирување користи израз кој како технички израз се користел во судството, за обидот судијата да го помири брачниот пар кој бил пред развод. Тој збор е исполнет со љубов, а значи дека се обидува да се обновува патот односно да се прекине одењето која го вдахнува љубовта – објасни кардинал Раваси.

На 2 јуни 2016 година е денот на духовните вежби кои Светиот Отец ќе ги одржи во трите папски базилики: во базиликата свети Иван Латерански со почеток во 10 часот; во базиликата света Марија Велика со почеток во 12 часот, а во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините со почеток во 16 часот. Благодарение на Ватиканскиот телевизиски центар како што соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол  ќе се пренесуваат размислувањата на Папата, а ќе може да се следи и на службената web страница www.im.va.

По третото размислување на Папата во базиликите ќе се служи света Литургија. Во петок на 3 јуни на празникот на Пресветото Срце Исусово, Светиот Отец на плоштадот Свети Петар со почеток од 9.30 часот ќе ја предови светата Литургија. Зборувајќи за свештеничкото послание и за очекуваните плодови од свештеничкиот јубилеј о. Мимо Замбито парох на островот Лампедуса рече дека се чувствува потребата свештениците да станат свесни дека служат на Исус, Евангелието и заедништвото кое мора да го остваруваат заради луѓето. Ние сме луѓе целосно предадени на посланието и делуваме во разни подрачја – рече свештеникот додавајќи:

Верувам дека ни се потребни сопатници мажи и жени од нашето време, со уверување дека Бог е милосрден, дека нè љуби и покрај нашите слабости, ограничености, нашите вродени стравови и нашата загриженост за иднината. Има една дискретна, тивка и нежна близина како татковците кои ги охрабруваат своите деца, а која е нежна како мајчината која го брани и носи животот, а таков е Бог за нас свештениците, а можеби ние сѐ повеќе – свештениците заедно со татковците и мајките за децата во ова наше време и за оваа наша историја – рече парохот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот