Папата подари мошти од свети Петар на патријархот Вартоломеј

Папата подари мошти од свети Петар на патријархот Вартоломеј

Ова е уште еден чекор кон конкретно единство. Папата поклони мошти на свети Петар на екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј

Претставниците на екуменскиот цариградски патријархат, кој на 29 јуни во Рим учествуваше на прославата на празникот свети Петар и Павле беа изненадени од гестот на Папата кога кон крајот на светата Литургија, слегнувајќи до гробот на свети Петар, под олтарот на ватиканската базилика, му кажа на водачот на цариградската делегација дека сака на својот брат, патријархот Вартоломеј, да му даде поклон. Затоа папата Фрањо после светата Литургија го замоли православниот архиепископ Јов да го придружува до капелата во апостолската палата, каде на гостот му подари реликвијар со мошти на свети Петар.

Архиепископот Јов веднаш го извести патријархот Вартоломеј, која ја прими веста со неизмерна радост, а потоа е организирано пренесување на реликвијарот во Истанбул, каде вчера монсињор Андреја Палмиери, потсекретар во Папскиот совет за промовирање единство меѓу христијаните му ги предаде на патријархот Вартоломеј. За подарокот од папата патријархот Вартоломеј лично ги извести верниците.

За нас ова е посебен и неочекуван настан, за кој не се надевавме – рече архиепископот Јов и истакна: Историски моштите на свети Петар секогаш биле во Рим и Рим е место за поклонение и за православните. (…) Ова е уште еден чекор кон конкретно единство – истакна православниот архиепископ Јов.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот