Папата повика на солидарност со Етиопија

Папата повика на солидарност со Етиопија

Папата Фрањо испрати честитки до луѓето од Етиопија по повод нивната Нова година и спомна за беатификацијата на кардинал Вишински и монахињата Елизабет Роуз Чаке

По завршувањето на катехезата на Генералната аудиенција во среда 8 септември 2021 година, папата Фрањо испрати честитки до луѓето во Етиопија по повод нивната Нова година, која ќе се прослави на 11 септември. Тој упати посебно поздрави до оние што страдаат поради актуелниот конфликт во земјата и сериозната хуманитарна ситуација. Нека ова биде момент на братство и солидарност како би копнееле за заедничка желба за мир, истакна Папата.

Беатификација на кардиналот Вишински и монахињата Елизабет Роуз Чаке

Поздравувајќи ги полските верници, Светиот Отец изрази радост поради претстојната беатификација на кардиналот Стефан Вишински и монахињата Елизабет Роуз Чаке во недела 12 септември. Нека духовното наследство на овој примат од милениумот, кој „сѐ препушта на Марија“ и довербата на монахињата на Елизабет Роуз Чаке секогаш биде сила на вашиот народ, рече Папата.

Зборувајќи за кардиналот, Папата потсети и на историските зборови кажани во една прилика од свети Иван Павле II, а се однесуваат на кардинал Вишински: На Петровиот престол не би бил овој папа Полјак ако не беше твојата вера, која нѐ потклекна на затворите и страдањата, твојата херојска надеж, твојата потполна доверба во Мајката Црква“.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот