Папата повика на молитва за полно единство на христијаните

Папата повика на молитва за полно единство на христијаните

Ден по почетокот на молитвената осмина за единство на христијаните, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 19 јануари 2022 година го обнови повикот до секое крстено лице да го поддржи екуменскиот од.

За време на поздравите до верниците кои зборуваат полски и оние кои зборуваат француски, англиски и италијански, Папата го спомена почетокот на Молитвената осмина за единство на христијаните, која ќе трае до 25 јануари, кога Светиот Отец ќе ја заврши со Вечерна во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините.

Во пресрет на почетокот на осмината, Папата претходно потсети на иницијативата и се обрати на екуменската делегација од Финска, истакнувајќи дека патот на екуменизмот е заедничко патување. Поклоници сме од различни позадини и традиции на патот кон полно единство и поблиску сме до целта кога ќе ги насочиме очите кон Исус, е мисла што ја сподели папата Фрањо по молитвата Ангел Господов минатата недела, на 16 јануари.

Ве повикувам да се молиме сите христијани, откривајќи ја нежноста на Божјата љубов, да се љубат едни со други, рече Папата на полските поклоници на Генералната аудиенција на 19 јануари. Слични мисли повтори и при обраќањето до верници, кои зборуваат англиски. Оваа седмица нека нè повика да истраеме во барањето од Господа на дарот за целосно единство меѓу верниците, им порача Папата на верниците на италијански јазик.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот