Папата повика на молитва за мир во Бурунди

Во недела 17 мај, после обредот на канонизација, Светиот Отец истакна дека на крајот сака да ги поздрави сите кои се дојдени во чест на новопрогласените светици, а на посебен начин ги поздрави официјалните делегации на Палестина, Франција, Италија, Израел и Јордан.

Срдечно ги поздравувам кардиналите, епископите, свештениците како и духовните ќерки на новопрогласените светици. По нивното застапување Господ во нивите земји им даде нов мисионерски жар. Мотивирајќи се од нивниот пример на милосрдие, љубов и помирување, христијаните од овие земји во иднината нека гледаат со надеж, продолжувајќи по патот на солидарност и братски соживот.

Меѓу другото Папата потсети дека во сабота 16 мај во Венеција е прогласен за блажен свештеникот Луиџи Кабурлото, парох, учител и основач на монашката заедница Ќерки на свети Јосиф, повикувајќи ги присутните да благодарат на Бог за овој примерен пастир, кој имал интензивен духовен апостолски жар, пред сè за доброто на душите.

Светиот Отец исто така повика на молитва за саканиот народ во Бурунди, која се наоѓа во тешки моменти. Господ нека им помогне на сите да го отфрлат насилството и одговорно да делуваат за доброто на својата земја. Папата Фрањо потоа ги повика присутните со синовска љубов да се обратат на Девица Марија, Мајка на Црквата, Царица на сите свети и пример за сите христијани. После молитвата Царице небесна и благословот, го поздрави собраното мноштво со својот вообичаен пзодрав, препорачувајќи се во молитвите.
РВ/го*ко

 Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот