Папата повика на молитва за Демократска Република Конго во пресрет на неговата апостолска посета

Папата повика на молитва за Демократска Република Конго во пресрет на неговата апостолска посета

Додека папата Фрањо се подготвува да ја посети Демократска Република Конго и понатаму се одвиваат насилни напади во кои се убиени и ранети цивили, посебно на истокот на таа средноафриканска држава. На крајот од Генералната аудиенција, Папата повторно упати апел за молитва.

Поздравувајќи ги верниците на крајот од Генералната аудиенција во среда 28 јануари 2023 година та во салата Павле VI, папата Фрањо ја поздрави групата ходочасници од Демократска Република Конго.

Папата потсети дека ќе ја посети таа земја на крајот на овој месец од 31 јануари до 3 февруари и ги повика сите на молитва за народот во ДР Конго.

Да го молиме Бог да ни подари пасторално срце кое трпи и ризикува за да сведочи. Да го носи Словото Божјо на оние на кои ни се доверени и на оние со кои се среќаваме во секојдневниот живот не е само чест, туку и должност!

Ден порано, во вторникот, папата Фрањо изрази жалење заради тереористичкиот бомбашки напад кој се случи во ДР Конго.

Во нападот во неделата, осомничените терористи ја нападнаа Пентакосталната црква во градот Касинди на истокот на земјата.

Стотина верници се собраа за да присуствуваат на крштението на новите членови на Црквата. Експлозијата го потресе црковниот двор, убивајќи најмалку 14 лица и ранувајќи повеќе од 40 други.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот