Папата повика на заедничка Света Бројаница во мај против коронавирусот

Папата повика на заедничка Света Бројаница во мај против коронавирусот

Папата Фрањо ги повика католиците од целиот свет на заедничка молитва на Светата Бројаница во месец мај против пандемијата на короноавирусот, објави  во сабота 25 април Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во пораката се истакнува дека токму во овој период на разни ограничувања за движење важно е повторно да се открие силата на домашната, семејната молитва, а поврзаноста на „духовното семејство“ може да помогне да се надмине искушението. Месец мај, покрај октовмри се месеци кои посебно се посветени на Девица Марија и традиционално на многу места во светот се моли света Бројаница.

Католичката Црква се обраќа на Богородица во оваа драматична ситуација полна со болка и страв кој го преплавува светот, се истакнува во пропратниот текст на пораката. Папата моли и за утеха на оние кои тагуваат, чии ближни се закопани на начин кој ја ранува душата. Понатаму ги спомнува и оние кои се загрижени за неизвесната иднина и последиците за економијата. За политичарите моли да бидат ‘далекувиди’ и со ‘солидарен дух’ во социјалните и економските програми. Папата предупредува дека огромни суми пари кои се вложуваат во сè повеќе количини на пософистицирано оружје би требало да се вложат во научни истражувања.

Светиот Отец повикува и на молитва за научниците кои бараат средство против вирусот и потсетува на лекарите, медицинските лица и волонтерите кои го ризикуваат сопственииот живот за да би се спасиле други.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот