Папата повика на вера со внатрешна искреност, а не со надворешна блескавост

Папата повика на вера со внатрешна искреност, а не со надворешна блескавост

Во своето обраќање пред молитвата Ангел Господов во недела на 7 ноември 2021 година, папата Фрањо истакна дека треба да внимаваме да не паднеме во суета и да не ја прилагодиме нашата вера на сопствените интереси, туку како вдовица од Евангелието на неделната Литургија, да даваме великодушно и слободно.

Евангелието од неделната литургија, објасни Папата, прикажува впечатлив контраст. Од една страна се богатите кои даваат од својот вишок, сакајќи да бидат забележани, а од друга сиромашната вдовица која без никој да види дава сѐ што има. Исус внимава на овие примери и токму овој глагол – бдее – го сумира неговото учење. Мораме да бдееме, да внимаваме на оние што ја живеат верата дволично, како книжниците, за да не станеме како нив. Од друга страна, мора да внимаваме на примерот на вдовицата и да ја земеме за пример.

Прво, мораме да внимаваме да не го засноваме нашиот живот на култот на изгледот, надворешноста и прекумерната грижа за својот изглед. Треба да бидеме внимателни, истакна Папата, да не ја прилагодуваме нашата вера на сопствените интереси. Книжниците ја прикриваа сопствената суета во името на Бога, ја користеа религијата за негување на сопствените работи, злоупотребувајќи ја својата положба и искористувајќи ги сиромашните. Овде го гледаме овој лош став кој и денес преовладува на многу места, овој „клерикализам“, ова покажување над понизните, искористување, но човекот сепак се чувствува совршено. Тоа е злото на клерикализмот, рече тој. Светиот Отец рече дека ова предупредување е упатено за сите времиња, до сите, до Црквата и до општеството: никогаш не користете одредена улога за да скршите друга, никогаш не заработувајте на сметка на најслабите! Исто така, мора да се внимава да не се падне во суета, да не се фокусираме на изгледот, а да се изгуби суштинското. Мора да се чуваме од лажноста на срцето, од лицемерието кое е опасна болест на душата, истакна Папата.

За да ја излечиме оваа болест, Исус нѐ повикува да размислуваме за примерот на вдовицата, која дава сѐ што има. Колку е важно светилиштето да се ослободи од паричните врски, рече Папата. Во исто време, Исус го фали фактот што оваа вдовица ставила сè што има во ризницата. Не ѝ преостанува ништо, но таа наоѓа сè во Бога. Не се плаши да го изгуби ни малкуто што го има затоа што има доверба во Божјото изобилство кое ја умножува радоста на оние кои даваат. Затоа, објасни Папата, Исус ја предлага за учителка на верата: таа не оди во храмот за да ја очисти својата совест, да биде забележана, да ја покаже својата вера пред другите, туку да даде великодушно и слободно од нејзиното срце. Од неа да учиме – вера без надворешен сјај, но внатрешна искреност; вера која се состои од скромна љубов кон Бога и кон браќата и сестрите, повика Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот