Папата повика за мир во Сирија

Ватикан, 6.6.2013 /к.мк/ – Пред упорноста на насилството и угнетување, повторно силно повикувам за мир – рече папата Фрањо на средбата со претставниците на kатоличките каритативни организации кои во среда 5 јуни претпладне ги прими на аудиенција во домот Света Марта. Потсетувајќи се за заложбата на папата Бенедикт XVI за дијалог и помирување, папата Фрањо изрази блискост со христијанските заедници во целиот Среден Исток, поттикнувајќи ја меѓународната заедница да помогне на бегалците и раселените.

Сите мислиме на Сирија, на страдањето, сиромаштвото, болката. Тоа го трпи Исус, Тој е сиромашен и прогонуван од својата татковина. Тоа е Исус. Тоа е таинство, христијанско таинство. Го гледаме Исус како страда во жителите на саканата Сирија – рече Папата, говорејќи за страдањата на сирискиот народ поради вооруженииот конфликт. Папата потсети на заложбата на папата Бенедикт XVI да замолчи оружјето, на посетата на кардиналот Сарах, претседателот на Папскиот совет „Кор Унум“ во номеври минатата година, како и на финансискиот придонес на синодските оци. Потсети на апелот упатен на Велигден за мир во саканата Сирија, за нејзиното население рането од војната, за бројните бегалци кои очекуваат помош и утеха. Колку крв е пролиено и уште колку многу страдања ќе бидат нанаесени пред да се пронајде политичко решение на кризата? – праша Светиот Отец.

Пред упорноста на насилство и угнетување повторно силно го обновувам својот апел за мир, Меѓународната заедница последните недели покажа желба за преземање на чекори за започнување на плодоносен дијалог за запирање на војната. Тие напори треба да се охрабрат со надеж дека ќе донесат мир. Знаеме дека Христос е присутен таму каде што некој страда. Не смееме да запреме во ситуации кога најмногу се страда – потенцира Светиот Отец.

Зборувајќи за заземањата на католичките каритативни тела, Папата ги поттикна да ја продолжат својата хуманитарна помош во Сирија и во соседните држави кои великодушно ги прифаќаат сите оние кои бегаат од војната. Ја молам меѓународната заедница, покрај барањето на договор за решение на судирот, да поттикнува и хуманитарна помош за сириските бегалци и раселени лица, на прво место да и биде доброто на луѓето и заштита на нивното достоинство – рече папата Фрањо.

Делото на католичките каритативни организации за Светата Столица е многу важно, бидјеќи ги надминува етничката и верската припадност и на тој начин директно придонесува за помирување и изградба на отворено општество – истакна Папата, а потоа се осврна на христијанските заедници во Сирија и на целиот Среден Исток.

Црквата ги подржува своите членови кои денес се со посебни потешкотии. Нивната задача е голема за да го одржат христијанството во регионот каде што и настана – заврши Светиот Отец. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<