Папата повика за иницијативата „24 часа за Господ“

Папата повика за иницијативата „24 часа за Господ“

Папата Фрањо ги повика католиците во цел свет да учествуваат во настанот „24 часа за Господ“, кој ќе се одржи на 24 и 25 март 2017 година.

Светиот Отец пред крајот на Генералната аудиенција одржана на 22 март 2017 година упати апел до сите заедници да учествуваат на тој настан за одново да се открие светата Тајна Исповед. Иницијативата „24 часа за Господ“ ја покрена Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација.

Папата истакна дека станува збор за вистински момент за да се искуси милосрдието на Отецот. „Се надевам дека и оваа година тој погоден час на благодатите во одот во Великиот пост ќе се доживее во многу цркви во цел свет за да се искуси радосната средба со милосрдието на Отецот, Кој ги прифаќа сите луѓе и на сите им простува,“ рече папата Фрањо.

Овогодинешната тема за иницијативата „24 часа за Господ“ е земена од Евангелието според Матеј и гласи „Милост сакам“ (Мт 9, 13). Светиот Отец минатиот петок ја предводеше покорничката богослужба во базиликата Свети Петар во исчекување на тој настан..

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот