Папата повика да се имунизира населението, преудпреди на идеолошките спротивставености околу вакцинирањето

Папата повика да се имунизира населението, преудпреди на идеолошките спротивставености околу вакцинирањето

Примајќи го во аудиенција Дипломатскиот кор акредитиран во Светиот Престол, папата Фрњо меѓу останатото се осврна на здравствените, економските и општествените последици од пандемијата и поттикна на пронаоѓање решенија за бесконечни конфликти и за доброто на мигрантите. Тие не се стока за размена, рече Папапт, има разлика помеѓу ограничено прифаќање и целосното одбивање.

Пандемијата и нејзините последици на здравствено, општествено и економско ниво и пристапот до лекување и вакцините, посредничките војни и војните во Сирија, Јемен, Украина, Јужен Судан, како и опасноста од поништување на културата и едностраното мислење одговорноста во воспитанието и недостатокот на работа; грижата за заедничкиот дом и феноменот на миграција. Тоа се темите на кои папата Фрањо се осврна во долгиот говор до дипломатскиот кор акредитиран во Светиот Престол, предупредувајќи на драмите и неправдите и барајќи перспективи за иднината. Иднина која – како што рече, ќе биде прилика за развивање на нови услуги и претпријатија, прилагодување на веќе постоечките, зголемување на пристапот до пристојна работа и ангажирање за почитување на човековите права и соодветно ниво на плата и социјална заштита.

Папата Фрањо се заблагодари за учеството на таа – како што рече, годишна „семејна средба“ на амбасадорите кои претставуваат 183 земји кои имаат дипломатски односи со Светиот Престол. Осврнувајќи се веднаш на пандемијата со болеста Ковид-19, го спомна надбискупот Алдо Џордано апостолскиот нунциј во Венецуела кој почина во Белгија на 2 декември минатата година.

Пандемијата и понатаму принудува на општествена изолираност, донесува жртви и уште од сите бара значаен напор – рече Папата и повторно истакна дека е важно и понатаму да се настојува да се имунизира населението што е можно порано. Тоа бара повеќекратно ангажирање на лично, политичко и на ниво на цела меѓународна заедница. Но најмногу на лично ниво – истакна. Сите сме одговорни за грижата за себе и за своето здравје, што исто така значи и почитување на здравјето на оние кои се покрај нас – додаде и предупреди на силната идеолошка спротивставеност која ја спречува мирната кампања за вакцинирање.

Често дозволуваме да ни одредува идеологијата на моментот која пак често е поставена на незасновани информации или лошо документирани фактори. (…) Меѓутоа токму пандемијата ни наметнува еден вид на „лекување на реалноста“ која бара да го погледнеме проблемот во лице и да примениме соодветни средства за негово решавање – истакна Папата.

Вакцините не се магични средства за оздравување – додаде, но со терапијата која треба да се развие сигурно најразумното решение за спречување на болеста. Римскиот епископ затоа од политиката бара да се стреми за благосостојба на населението преку одлуки за превенција и имунизација во кои се вклучени и граѓаните за да се чувствуваат учесници и одговорни, за да се избегне збрка, недоверба, општествен релативизам. Бидејќи во големи делови на светот пристапот до здравствена заштита сѐ уште е илузија, Папата ја поттикна меѓународната заедница да се ангажира за целокупната светска популација да има еднаков пристап до основната медицинска грижа и до вакцините.

Присетувајќи се на настани, патувања, аудиенции со шефови на држави и влади кои ја обележаа минатата година, Папата го спомна Либанон притиснат од економска и политичка криза; патувањето во Ирак колевката на цивилизацијата, чиј народ има право повторно да го открие достоинството кое му припаѓа и да живее во мир. Потоа се присети на ходочастието во Будимпешта по повод евхаристискиот конгрес и во Словачка, Кипар и Грција. Говорејќи токму за последното Папата не пропушти да ја спомне трогателната средба со мигрантите на островот Лезбос.

Во нивните очи е уморот од патувањето, стравот од несигурната иднина, жалост заради најмилите кои ги оставиле и носталгија за татковината која биле принудени да ја напуштат – рече Папата. Пред тие лица не можеме да останеме рамнодушни и не можеме да се затскриеме зад ѕидовите и бодликавите жици со изговорот за заштита на безбедноста или начинот на живот.

Затоа папата Фрањо ги истакна конкретните акции за бегалците, луѓето кои бегаат од Авганистан, како и мигрантите на границата помеѓу САД и Мексико: пирфаќање, заштита, промовирање на човекот и интеграција. Свесен за тешкотиите на државите поради големиот проток на луѓе, Папата кажа дека од никого не можеме да го бараме она што не е во состојба да го направи, но голема е разликата помеѓу прифаќањето, иако во ограничена мера и целосно одбивање.

Треба да се надмине рамнодушноста и да се отфрли мислата дека мигрантите се туѓ проблем – истакна Светиот Отец. Резултатот од таквиот пристап се гледа во самата дехуманизација на мигрантите во жаришните места каде на крајот стануваат лесен плен за криминалот и трговците со луѓе, или пак се обидуваат на очајанички бегства кое понекогаш завршува со смрт.

Истакнувајќи дека за жал многу мигранти денес често се претвораат во оружје за политичка уцена или стока за која може да се пазариш, Папата ја поттикна Европската унија да воспостави внатрешна поврзаност во управувањето со миграциите, за да се бори со последниците од пандемијата. Прашањето за миграцијата, како и пандемијата и климатските промени јасно покажуваат дека никој не може сам да се спаси, односно дека големите предизвиците на нашето време се сите глобални – рече и го истакна недостатокот на волја за отворањето на прозорецот на дијалогот и братството што на крајот поттикнува нови тензии и поделби како и општо чувство на неизвесност и нестабилност. Напротив потребно е да се врати чувството на нашиот заеднички идентитет на едно човечко семејство. Алтернативата е само поголема изолација.

Папата ја критикуваше и недоволната ефикасност на голем број меѓународни орагнизации бидејќи тежиштето на интересите не ретко го преместуваат на теми кои по својата природа разделуваат и кои не се тесно поврзани со целта на организацијата. (…)

Станува збор – според зборовите на Папата, за облик на идеолошка колонизација која не остава простор за слобода на изразување, и кој денес сѐ повеќе поприма облик на култура на поништување која продира во голем број подрачја и јавни институции. Во името на заштитата на различноста на крајот го бришеме чувството за секој идентите, со ризикот да го замолчиме ставот кој ја брани насочената и избалансирана идеја за различни чувствителности. Така се развива едниствената мисла принудена да ја негира историјата или уште полошо повторно да ја напише врз основа на современи категории додека секоја историска ситуација треба да се толкува според херменевтиката на тоа време.

Мултилатералната дипломатија затоа е повикана да биде навистина инклузивна не бришејќи, туку ценејќи ја различноста и историските чувствителности кои ги обележуваат различни народи, и не заборавајќи дека постојат трајни вредности како што е правото на живот од зачнувањето до природниот завршеток и правото на верска слобода.

Во таа смисла Папата повторно ја истакна итно потребната грижа за нашиот заеднички дом кој трпи заради постојаното и неселективно искористување на богатствата. Патот до постигнувањето на целите од Парискиот договор е слоевит и уште долг, додека времето кое ни е на располагање е сѐ помалку. Затоа 2022 година е уште една важна година за зајкнување на заедничкото делување во аспект на состанокот Cop27 кој треба да се одржи во ноември во Египет.

Целата меѓународна заедница треба да се запраша и за итно потребното пронаоѓање на решенија за бесконечните конфликти кои понекогаш попримаат облик на вистински „војни преку посредници“ (proxy wars) – напомена Папата и посебно ги спомна Сирија, Јемен, мировниот процес помеѓу Израел и Палестина, тензиите во Либија, терористичкото насилство на подрачјето на Сахел и внатрешните конфликти во Судан, Јужен Судан и Етиопија. Ги осуди исто така општествените конфликти на американскиот континент, поттикнати од големите нееднаквости, направдите и корупцијата и изрази надеж за прифатливи и трајни решенија во Украина и Кавказ.

Сите тие конфликти го олеснуваат изобилството на оружје на располагање и недостатокот на обзир на оние кои се ангажираат во неговото ширење. Во таа смисла посебно загрижува нуклеарното оружје; затоа е важно да се продолжи со преговорите во Виена за Договорот за нуклеарно оружје со Иран. (…)

Што се однесува за прашањето за работата, истакнувајќи ја нејзината вредност, кажа дека нема економски развој без работа ниту можеме да мислиме дека модерната технологија може да ја замени додадената вредност која ја дава човечката работа. Затоа папата Фрањо поттикна на поголема соработка на сите учесници на локално, национално, регионално и глобално ниво, за да се поддржи човечкиот раст и да се даде конкретен придонес за градење на мирот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот