Папата повика да молиме за Црквата

Ватикан, 30.4.2013 /к.мк/ – Кога Црквата станува световна тогаш е слаба Црква, неспособна да го носи Евангелието, Крстот и неговото послание. Тоа е најголемата опасност за Црквата. Ова предупредување го упати папата Фрањо на светата Литургија, која ја служеше во вторникот, 20 април во капелата на домот Света Марта во Ватикан, а во присуство на службеници од управата за имот на Светата Столица.

Во проповедта Папата подвлече дека Цркват се надева на Господ и ги повика сите да се молат за неа и да бидат во тесна врска со спасителното делување на Христос. Може ли да се чува Црквата, може ли да се има грижа за Црквата? – запраша папата Фрањо. Треба да вложиме напори за тоа, но најважното е она што го прави Господ, посочи Папата, бидејќи „Тој е единствениот, кој може да го гледа злото во лице и да го победи“…. Доаѓа кнезот од овој свет, но мене не може да ми наштети. Ако сакаме кнезот на овој свет да не ја земе во свои раце Црквата, треба да ја довериме на Оној, кој може да го победи кнезот.“

Да молиме за Црквата, за целата Црква? За своите браќа кои не ги познаваме, кои се насекаде низ светот. Тоа е Црквата Господова, а ние во својата молитва да му кажеме на Господ: Господи чувај ја својата Црква … таа е твоја. Нашите браќа се твојата Црква. Таква треба секогаш да биде нашата молитва – рече Светиот Отец.

Говорејќи за молитвата, Папата забележа дека е лесно да се моли Господ за некоја милост, да му се благодари, или кога ни е потребно нешто. Но основно е да го молиме Господ за се, за оние кои примиле крштение, говорејќи: Тие се твои и наши, сочувај ги, објасни Папата.

Кога му ја доверуваме Црквата на Господ тогаш таа се зајакнува, и помага на Црквата да расте. Тоа е чин на вера “, рече Папата. „Ништо не е во наши раце, ние сме слаби служители на Црквата: Но Тој може да ја води напред, да ја чува и да ја направи света и да ја заштити од кнезот на светот, кој сака Црквата да стане световна. Тоа е најголема опасност!” –  истакна Папата.

Кога Црквата ќе стане световна, кога ќе дозволи во неа да владее световниот дух, која е опфатена со мир кој не доаѓа од Господ, тогаш Црквата е слаба, тоа е поразена Црква, неспособна да го носи своето Евангелие, посланието на Крстот и соблазната на Крстот… Ако е световна, тогаш не може да ја навестува радосната вест.“

Папата Фрањо повеќе пати ја истакна важноста на молитвата и да се довери Црквата на Господ, таа е пат на мирот, мир кој единствено Тој може да го даде. Треба да ја довериме Црквата на Господ, да му ги довериме старите, болните, децата, младите. Чувај ја Господи својата Црква. Таа е твоја. Така молејќи, и покрај страдањата ќе ни го даде оној мир кој само Тој може да го даде. Тој мир не може да го даде светот, не се купува, тој мир е вистински дар на Исусовата присутност во неговата Црква.

Треба да молиме за Црквата која страда, постојат големи страдања, постојат прогонства… Но има и мали неволји, како што се болести или семејните проблеми… потсети Папата.

Сето тоа треба да го довериме на Господ: чувај ја Господи својата Црква од страдањата да не ја загуби верата, да не ја загуби надежта… Господ нека не направи силни за да не ја загубиме верата и надежта – рече Папата истакнувајќи дека таква треба да биде молитвата кон Господ. Да се препорачува Црквата на Господ е добро за нас и за Црквата. Таа молитва и на нас и на Црквата ќе ни измоли голем мир, нема да не избави од страдањата, но ќе не направи силни во неволјите – заврши Папата. (го*ко)

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<