Папата: Побарајте од Бог храброст и следете го Исус

Папата: Побарајте од Бог храброст и следете го Исус

Папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта на 3 октомври 2017 година, ги повика христијаните да Му се обратат на Бог, барајќи храброст и сила кои што се потребни за да го наследуваме Исус во своите животи.

Светиот Отец во својата проповед размислуваше за Исусовиот пат кон Ерусалим. Како што сведочи денешното Евангелие според Лука, Исус се приближува до маката и крстот. Прифаќајќи ја волјата на Отецот, Тој со својата одлучност оди кон Ерусалим и ја објавуваа таа накана на своите ученици.

Папата потсети дека Исус само во една прилика, и тоа во Гетсеманската градина, од Отецот побарал да го одмине „чашата“: „Но, не како што јас сакам, туку како што ти сакаш.“ Тоа од нас го сака го Отецот: одлучност и послушност и Тој ќе чека со неизмерно трпение – рече Светиот Отец.

Папата Фрањо потоа објасни дека учениците не го следеле својот Учител за време на неговото патување кон Ерусалим. Тоа се покажува на различни места во Евангелието: понекогаш учениците не разбирале што Исус сакал да им каже или не сакале да разберат, затоа што се плашеле; во други прилики ја сокривале вистината или други работи им пречеле, а знаеле исто така, како што сведочи денешното Евангелие, да бараат оправдување за да не размислуваат за она што го чека Господ – рече Папата и продолжи: Исус бил сам, бидејќи никој не го разбирал Исусовото таинство, а единствено „друштво“ му било ангелот кој е испратен од небото да го утешува и да го зацврстува во Гетсеманската градина.

Светиот Отец на крајот предложи денес да одвоиме малку време за да размислуваме за Исус кој толку многу нè љуби, кој сам отишол кон крстот. Да размислуваме за Него и да Му се заблагодариме за неговата послушност и храброст и да започнеме разговор со него – поттикна папата Фрањо и продолжи: Разговарајте со Исус, признавајќи го сето она што го направил за вас, како и трпението со кое ги поднесува вашите гревови и неуспеси. Одвојте денес неколку минути, дали пред распетието, дали користејќи ја својата имагинација, за да го „видете“ Исус како одлучно оди кон Ерусалим и молете се за милоста да имате храброст одблизу да го следите – заврши Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот