Папата отпатува за Еквадор

Еквадор е првата земја која Папата ќе ја посети во својата 9 меѓународна пасторална посета од почетокот на неговиот понтификат.

Како што веќе беше најавено Светиот Отец во понеделник 6 јули околу 9 часот по наше време се упати од римскиот аеродром Фиумичино на своето деветто по ред меѓународно патување, во Латинска Америка. Во таа прилика ќе ја посети Црквата во Еквадор, Боливија и Парагвај и ќе даде силна поддршка и поттик на верниците од тие земји во соочувањето со проблемите на кои се изложени во последните децении.

Ова досега е најдолго меѓународно патување на папата Фрањо од почетокот на неговиот понтификат и ќе трае полни девет дена. Во текот на оваа посета папата Фрањо ќе има 23 јавни настапи од кои шест проповеди и неделниот пладневен говор. Вечерва околу 22 часот по наше време, Светиот Отец би требало да слета на еквадорскиот аеродром Кито каде што – во рамките на свечените церемонии – треба да го пречека нунцијот Џакомо Отонело со шефот на протоколот, потоа претседателот на Еквадор и претставници на еквадорските власти и епископскиот колегиум.

Во рамките на приемната церемонија на еквадорскиот аеродром предвидена е интонација на државната химна, воени почести, поздравен говор на претседателот, како и настап на Светиот Отец и неговото прво обраќање на тамошната јавност, по што би требало да следува претставување на членовите на двете државни делегации и на крајот околу 22:45 папата Фрањо со својата придружба од аеродромот со автомобил ќе се упати кон Апостолската нунцијатура во Кито на приватна вечера.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

 

Категорија: Ватикан

За авторот