Папата отвори нов изложбен простор во Ватиканската библиотека

Папата отвори нов изложбен простор во Ватиканската библиотека

Папата Фрањо ја посети Ватиканската апостолска библиотека за да отвори нов постојан изложбен простор и ја повика Црквата да сведочи за важноста на убавината и културата.

Апостолската бибилиотека прв пат е отворена за јавноста со отворањето на просторијата наменета за привремени ликовни изложби. Папата Фрањо на 5 ноември во попладневните часови отвори нов просотор кој при финансирањето помогнаа наследниците на американскиот претприемач и филантроп Кирк Керкоријан.

Светиот Отец им се обрати на присутните истакнувајќи дека Црквата мора да ја сведочи важноста на убавината и културата. Убавината не е минлива илузија на изглед или украс, туку се раѓа од корените на добрината, вистината и правдата кои се нејзини синоними, рече Петровиот наследник. Човечката личност има потреба од леб и култура, таа ја допира душата и го носи човекот до нашето најдлабоко достоинство. Папата исто така ги поттикна вработените во Апостолската бибилиотека да ги одржат коренети живи додека работат на преводот на христијанската историја на новите јазици.

За време на посетата Папата се задржа кај изложбата на италијанскиот уметник Пиетро Руф која носи наслов „Секој: Човештвото на пат“, а размислувањето е врз основа на енцикликата Fratelli tutti. Изложбата нуди патување низ историски артефакти на библиотеката, која вклучува карти меѓу кои 6 метри долгата карта на Нил од 17 век која ја изработил Евлија Челебија, а се состои од утописки и алегориски карти кои ги изработил самиот Руф.

Изложбата објаснува дон Џакомо Кардинали кој е задолжен за новиот изложбен простор, истражува „негеографска катографија“. Низ историјата на човештвото, порачува луѓето ја користеле репрезентативната моќ на картите не само да ја опишат објективноста на земјата туку и нашата сопствената внатрешност, идеалите, патувањата, откритијата и уверувањата. (…)

Папата во својот говор истакна дека на човештвото му се потребни „нови карти“ за да го откријат братството, општественото пријателство и општото добро. Затворениот начин на размислување е стерилен и полн со неизвесност, рече Папата. Потребна ни е нова убавина која не е вообичаен одраз на моќта на неколкумина одбрани, туку е храбар мозаик на различноста на сите луѓе.

Привремената изложба ќе биде отворена за јавноста до 25 февруари 2022 година секој вторник и среда од 16 до 18 часот.

Архиварот на библиотеката кардиналот Хозе Толентино де Мендонка рече дека новиот изложбен простор е наменет за промовирање на културата на средба. Се очекува дека оваа голема библиотека ќе помогне во остварувањето на она што папата Фрањо пророчки го нарече „култура на средба“, рече кардиналот. Тоа е место на кое се среќаваат книгите со читателите за да ги оцртат новите патишта, каде сочуваното знаење на сеќавањето може да се сретне со прашањата кои ни ги поставува современиот живот, а историјата ја среќава сегашноста, отворајќи нови перспективи не само за она што сме биле, туку и она што може да се случи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот