Папата остана 25 минути во блокираниот лифт

Папата остана 25 минути во блокираниот лифт

Папата Фрањо денешната молитва Ангел Господов ја започна со задоцнување, извинувајќи се при што објасни дека тој останал заглавен во лифтот 25 минути. Благодарение на помошта од пожарникарите, сè се заврши успешно.

Папата Фрањо ја започна неделната молитва со зборовите: „Морам да се извинам за доцнењето, но имаше еден инцидент: Бев заглавен во лифтот 25 минути!“ Имаше пад на напонот и лифтот запре. Фала му на Бога, пожарникарите дојдоа – многу им благодарам! По 25 минути работа, тие повторно го активираа лифтот. Аплауз за пожарникарите!“ Со овие зборови, папата Фрањо на 1 Септември 2019 година им се обрати на присутните на плоштадот „Свети Петар“ во Рим пред неделната молитва Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот