Папата од Малта: Однесувајте се човечки кон мигрантите

Папата од Малта: Однесувајте се човечки кон мигрантите

Папата Фрањо го заврши своето апостолско патување во Малта со средба со околу 200 мигранти во Центарот „Иван XXIII. Мировна лабораторија“ во Хал Фаро. „Не смееме да ги гледаме луѓето како бројки. Да замислиме дека нашите деца се во тие чамци. Слушајќи две сведоштва, Папата спомна илјадници луѓе кои бегаат од Украина поради неправедната и дива војна.

Господи Боже… Ослободи не од стравовите и предрасудите, за да развиеме свет во кој секој човек ќе биде почитуван во неговото неповредливо достоинство

Стоејќи пред Богородица, заедно со семејство мигранти со четири деца, папата Фрањо во недела попладне 3 април 2022 година беше во центарот Центарот „Иван XXIII. Мировна лабораторија“ во Хал Фаро – во последниот дел од посетата на Малта – каде изговори молитва за мигрантите чии права – како што истакна – понекогаш се кршат „со учество на властите. Потоа запали бела свеќа, симбол на верата и надежта, но и на пламенот што треба повторно да се запали во душата на Европа измачена од братоубиствените поделби – пламенот на човештвото.

Тој апелираше прифатните центри да бидат места на хуманост и покрај тензиите и ригидностите и да се зајакне социјалното пријателство и културата на средба, почнувајќи од такви места, кои секако не се совршени, но се лаборатории на мирот. Мирот посочен од Иван XXIII. во неговата позната енциклика „Pacem in Terris“, а од каде папата Фрањо цитираше некои делови.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот