Папата: Одлуката е моја дали ќе бидам ближен на другите

За време на пладневниот наговор на 10 јуни 2016 година Светиот Отец се осврна на евангелискиот дел кој зборува за најголемите заповеди – заповедта на љубовта кон Бог и ближниот. Папата во своето обраќање до верниците поттикна да бидат ближни на сите околу нив.

Драги браќа и сестри добро утро!

Денес светата Литургија ни ја предлага параболата за „добриот Самарјанин“ преземена од Евангелието според Лука (10, 25-37). Тој во својата едноставна и инспиративна приказна укажува на начин на живот – во чиј центар не сме ние самите – туку другите кои ги среќаваме во нивните тешкотии и кои од нас бараат да им помогнеме. Исус ја користи оваа парабола во дијалогот со книжниците за двојната заповед која овозможува влез во животот вечен: да го љубиме Бог со целото свое срце и ближниот како самиот себе (25-28). „Тој сакајќи да се оправда, Му рече на Исуса: А кој е мојот ближен?“ (ред 29). Ние исто така можеме да си го поставиме на себе ова прашање: „Кој е мојот ближен? Кој го сакам како себе си? Своите роднини? Пријателите? Сограѓаните? Оние кои се со иставера како и јас? Кој е мојот ближен…?

Исус одговара со парабола. На патот од Ерусалим кон Ерихон еден човек го нападнала група разбојници, го претепале и го оставиле. Поминал свештеник, а потоа и левит, кои кога во виделе ранетиот не застанале, туку продолжиле понатаму (ред 31-32). Потоа поминал некој Самарјанец жител на Самарија кои што Евреите ги презирале затоа што не биле припадници и извршители на вистинската религија: а токму тој гледајќи го бедникот се трогнал. Дошол до него и му ги преврзал раните (…) го носи во гостилница и се погрижува за него (ред 33-34). Другиот ден му го доверува на сопственикот на гостилницата, платил за него и кажал дека ќе ги плати и сите дополнителни трошоци (ред 35).

Во тој момент Исус се обраќа до книжникот и го прашува: „Кој пак од тие тројца – свештеникот, левитот, Самарјанецот –  ти се чини дека му беше ближен на оној што падна во рацете на разбојниците. Оној што му направи милост“ (ред 36-37) – одговорил. На тој начин Исус во целост го поништил почетното сфаќање на книжниците – но и нашето. Не треба другите да ги категоризирам за да се одлучам кој е мојот ближен, а кој не е. Одлуката е моја. Од мене зависи дали сакам да бидам или да не бидам ближен на човекот кој сум го сретнал и на кој му е потребна помош, без разлика дали е странец или дури непријател. А Исус заклучува: „Оди и ти прави така!“ (ред 37) Прекрасна поука! А тоа му го повторува на секој од нас: Оди и ти прави така; направи се ближен на братот и сестрата кои ги гледаш во неволја. Оди и ти прави така. Прави добри дела, а не зборовите да ти одат напразно. Ми доаѓа на памет една песна: Зборови, зборови, зборови (Parole, parole parole). Не, туку дела, дела.

Преку добрите дела кои ги правиме со љубов и радост на другите нашата вера р’ти и донесува род. Да се запрашаме – секој во своето срце нека си одговори на самиот себе – Дали нашата вера е плодна? Произведува ли добри дела? Или главно е стерилна и повеќе мртва отколку жива? Станувам ли ближен или едноставно поминувам покрај? Припаѓам ли на оние кои другите ги пресудуваат според сопствениот вкус? Овие прашања е добро почесто да си ги поставуваме затоа што на крајот ќе бидеме судени според делата на милосрдието; Господ може да ни каже: Се сеќаваш ли оној ден на патот помеѓу Ерусалим и Ерихон? Оној полумртов човек бев Јас. Се сеќаваш ли? Она гладно дете бев јас. Оној преселник кој толку сакавте да го отфрлите бев јас; оние баби и дедовци напуштени по домовите за стари лица бев јас; оној болниот во болница кој никој не го посетува бев јас.“

Нека Дева Марија ни помогне да одиме по патот со великодушната љубов кон другите, на патот на Добриот Самарјанин. Нека ни помогне да ја живееме најважната заповед која Христос ни ја остави. А таа е патот за влез во вечниот живот.

 (По молитвата Ангел Господов)

 Драги браќа и сестри

Денес е „Недела на морето“ во знак на поддршка за пастралот со морнарите. Ги охрабрувам морнарите и рибарите во нивната работа често тешка и ризична како и капеланите и волонтерите во нивното скапоцено служење. Нека Марија Ѕвезда на морето бдеее над вас!

Ве поздравувам сите вас верниците од Рим и од другите делови на Италија и светот. Посебен поздрав упатувам до ходочасниците од Порторико; Полјаците кои ја завршија штафетата од Краков во Рим; до учесниците во големото ходочастие на семејството на Радио Марија во манастирот во Ченстохова на кои овој им е веќе 25-ти пат. Но, слушнав и некои свои сонародници кои не молчат. Аргентинците кои се овде и кои не се тивки – посебен поздрав! Го поздравувам семејството на бискупијата Адрија – Ровиго, Сестрите ќерки на милосрдието на Прескапоцената Крв, Световниот терезијански ред, верниците од Лимбијате и Мисионерската заедница на свети Иван Павле II. Ви посакувам на сите добра и пријатна недела. Не заборавајте да се молете за мене, ве молам. Добар апетит, до гледање!

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот