Папата: Одете со младите за да им влеете надеж

Папата: Одете со младите за да им влеете надеж

Важноста да се придружуваат младите луѓе, во однос на екуменската перспектива, се двата аспекта за кои папата Фрањо ја пофали работата на училишните капелани во француското говорно подрачје во Швајцарија; дел од нив ги прими во аудиенција во петок 7 октомври 2022 година. Нивната напорна работа – како што рече Папата – им дава многу на оние кои ја живеат со силна мотивација и дарежлив дух, што е важно токму поради близината со младите.

Тоа е важно, бидејќи тоа не се работи кои сте ги прочитале во книгите; тоа е плод на времето што го поминувате со младите,  слушајќи ги… И носејќи ги пред Господа во молитва. Таму во тишината се појавуваат лица, животни приказни, насмевки и солзи, соништа… Таму наоѓаш и внатрешен елан, бидејќи работа како вашата зема многу енергија и може да го исцрпи духот, ако ја нема Господовата лимфа која повторно зајакнува – забележа Папата.

Осврт на Синодата за млади

Осврнувајќи се потоа на Синодата за млади, одржана со нив пред четири години, како и на нејзините плодови, Светиот Отец им посочи на капеланите дека благодарение на нивната близина со младите, тие во одредена смисла можат да напишат новите страници на Писмото кое произлезе од таа синода, односно Апостолскиот поттик ‘Christus vivit’.

Секој пат кога некој од вас им се придружува на двајца или тројца млади луѓе на патот, ги слуша, слуша за разочарувањата, неуспесите и сомнежите што ги носат во себе и потоа им кажува за Исус Христос, буди надеж во нивните срца, тогаш се обновува нешто од искуството на учениците од Емаус. Тоа не зависи од вашата вештина; Живиот Христос е тој што поминува, неговиот Дух е тој што делува; но важно е да бидете таму, потребно е вашето присуство со нив. Да се биде таму, придружувајќи ги.

Важноста на екуменизмот

Вториот, иако не помалку важен, аспект е екуменскиот; Вие сте, имено, католици и протестанти, и работите заедно – истакна Папата и додаде: Некогаш се палевме! Сега гледаме дека е убава заедничката работа, убаво е да се соработува. Тоа е добро, дава добро сведоштво и може да ѝ помогне на Црквата да расте кон сѐ поцелосно единство, да биде повеќе во склад со волјата на Христос Господ. Ве охрабрувам да продолжите по тој пат – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Таг: Папата со училишни капелани од Швајцарија

Клучни зборови: папа Фрањо, Швајцарија, млади, училишни капелани

Фотографија: Папата со училишни капелани од Швајцарија

Мета опис: Важноста да се придружуваат младите луѓе, во однос на екуменската перспектива, се двата аспекта за кои папата Фрањо ја пофали работата на училишните капелани во француското говорно подрачје во Швајцарија

Број на статија и слика: 12350

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот