Папата: Одговорете со вера и храброст на вашето послание

Папата: Одговорете со вера и храброст на вашето послание

„Секогаш со големо внимание да го слушате повикот од Господ, за да одговорите со вера и храброст на вашето послание”. Тоа е апелот упатен од папата Фрањо во неговата порака до младите, собрани во Џакарта (Индонезија) по повод VII Азиските ден на млади. На настанот, кој се одржа од 2 до 6 август, учествуваа повеќе од 2000 млади од 21 азиска земја.

Пораката на Светиот Отец беше прочитана за време на завршната Литургија од настанот на тема: „Азиските младина ликува: да го живееме Евангелието во мултикултурна Азија”. Во неа Папата ги повикува младите кои веќе се подготвуваат за следниот Азиските ден на млади, после три години, да се инспирираат од Марија со желба да бидат ученици – мисионери, да зборуваат со неа, како што би направиле со својата мајка и секогаш да се доверат на нејзиното застапување, кое е исполнето со љубов”. На овој начин – пишува Папата – „додека се стремат да го следат одблизу Исус Христос, како младата девојка од Назарет така и младите, можат навистина да го направат овој свет подобар и да остават свој белег кој ќе ја одбележи историјата”, завршува папата Фрањо, цитирајќи извадок од видео пораката до младите од целиот свет, објавено на 21 март годинава.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот