Папата објави Апостолско писмо за божиќните пештери

Папата објави Апостолско писмо за божиќните пештери

Папата Фрањо напиша Апостолско писмо за значењето на божиќните пештери кое го потпиша за време на неговата посета на Фрањевското светилиште во италијанскиот град Гречо, на Првата недела од адвент, 1 декември

Насловено ,,Admirable singum” односно ,,Чудесен знак” Папата Фрањо го објави своето писмо во Гречо, место каде свети Фрањо Асишки ја изградил првата пештера во 1223 година. Папата наведува дека насловот на писмото се однесува на прекрасниот знак на Божиќните јасли. Прикажувањето на Исусовото раѓање само по себе е едноставна и радосна објава за таинството на овоплотувањето на Синот Божји, пишува Папата

Тој го спореди прикажувањето на пештерата со живо евангелие. Разгледувањето на историјата на Раѓањето на Исус е како тргнување на човекот на духовно патување „привлечено од понизноста на Бога кој стана човек сѐ со цел да се сретне со секој маж и жена“.

Папата нагласи дека се надева ова писмо ќе биде поттикнување за зачувување на традицијата за поставување јасли во семејствата, а исто така и на работното место, во училиште, болница, затвори, градските плоштади. Дури и ако оваа традиција се изгубила, ,,секогаш може да се почне одново и да се оживее”, рече Папата.

Во писмото папата Фрањо се присетува на самото потекло на Витлеемските пештерите, како што тоа е пренесено во евангелијата. Описот на Исусовото раѓање е ,,повик за размислувања на бројните таинства од Исусовиот живот и ги приближува до нашите лични животи”, пишува Папата. Витлеемските пештерите раскажуваат за Божјата љубов, љубовта на Бог Кој стана дете за да ни покаже колку е блиску до секое човечко битие, без разлика во каква состојба и да се наоѓа, истакнува Папата.

Исто така Папата се наврати на прикажувањето на првите пештери, кога свети Фрањо во Гречо ги ,,оживеал,, сцените од Витлеем. Тој нагласи дека таа едноставна евангелизација на свети Фрањо и денес нуди ,,едноставен, но автентичен начин на прикажување на убавината на нашата вера.

Пештерите се опишлив начин за тоа како можеме да ја доживееме нежната Божја љубов – и тогаш можеме и сами да видеме во каква сиромаштија се роди Синот Божји. Присуството на сиромашните и понизните нѐ потсетуваат дека ,,Бог стана човек заради оние кои најмногу ја чуствуваат потреба од Неговаата љубов и кои Го молат да биде близу до нив”. Исус во јаслите на кроток, но истовремено и моќен начин сведочи за потребата со делењето со сиромашните да го преобрази светот во кој никој не е исклучен, ниту маргинализиран.

Во писмото Папата Фрањо размислува за секој елемент што ја сочинува пештерата. Дури и за оние кои наизглед немат никаква врска со навестувањето на евангелието, како што се пекарите, музичарите, жените кои носат вода или децата кои играат ,,зборуваат за секојдневната светост, за радоста во извршувањето на обичните работи на неверојатен начин”, заклучи Папата.

На крјаот, божиќните пештери се потсетник на ,,нашата должност да го делиме ова искуство со нашите деца и внуци”, нагласи папата Фрањо, потсетувајќи дека суштината на божиќните пештери е тие да ни зборуваат на нас лично, а не во тоа како се уредуваат. ,,Во секоја фаза од нашиот живот божиќните пештери нѐ учат како да размислуваме за Исус, како да ја искусиме Божјата љубов за нас, и како да почувствуваме и да веруваме дека Бог е со нас и дека ние сме со Него”, завршува на крајот од Апостолското писмо папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот