Папата: Новоста на Евангелието не дозволува двоен живот

Папата: Новоста на Евангелието не дозволува двоен живот

Патот на оние кои ја прифаќаат новоста на Исус Христос е пат кон мачеништво.

Папата Фрањо во проповедта на светата Литургија во домот Света Марта, во Ватикан на 10 септември се осврна на првото читање од Првото Послание до Коринтјаните: „Од секаде се слуша дека кај вас има блудство, и тоа какво блудство, за какво не се зборува дури ни при незнабошците“ (1 Кор 5,1). Христијани сте, а така живеете?“ Тие се силни зборови со кои свети Павле ги укорува Коринтјаните меѓу кои многумина живееле двоен живот – рече Папата и нагласи: Го исповедувале Исус Христос, а во исто време меѓу себе ја толерирале блудноста.

Новоста на Евангелието, Христовата новост не е само во тоа да ја преобразува нашата душа, туку таа нѐ преобразува сите нас и сѐ околу нас; душата, духот и телото, односно ново вино во нови буриња, … апсолутно сѐ – истакна Светиот Отец и додаде: Новоста на Евангелието опфаќа потполно сѐ; нѐ вклучува сите нас, затоа што нѐ преобразува од внатре кон надвор; нашиот дух, телото и секојдневниот живот.

Христијаните во Коринт не ја разбирале потполно новоста на Евангелието која не е идеологија или начин на општествен живот кој се живее заедно со поганските обичаи – рече папата Фрањо и потсети: Новоста на Евангелието е Христовото воскресение, Духот кој ни го испрати за да нѐ придружува во животот. Ние христијаните сме мажи и жени на новоста, не сме сами по себе новост.

Многу луѓе се обидуваат да живеат христијанство кое во себе ја носат таа новост – рече Папата и предупреди: Но, многумина зборуваат: денес може така да работи. Денес може така да се живее. Тие христијани кои ги живеат новостите кои им ги нуди светот, не ги прифаќа сите новости. Постои разлика помеѓу „новостите“ на Исус Христос и „новостите“ кои ни ги нуди светот.

Луѓето кои свети Павле ги осудува се млаки, неморални, оние кои глумат, формалисти и лицемери. Исусовиот повик е повик на новост. Некој ќе каже: Но, оче ние сме слаби, ние сме грешници – рече Светиот Отец и објасни: Таа е друга работа. Ако прифаќате дека сте слаби и грешни, Он ви простува, затоа што поаѓа од новоста на Евангелието, и тоа значи дека исповедате дека Исус Христос дојде заради простувањето на гревовите. Но, ако вие кои велите дека сте христијани, живеете со тие световни новости, тогаш тоа е лицемерие. Во тоа е разликата.

Исус ни кажува во Евангелието: Бидете внимателни кога ќе ви кажат дека Христос е тука, таму, онде… Новоста е во тоа дека Христос е еден, и дека Неговата порака е јасна – рече папата Фрањо и нагласи: Меѓутоа Исус не го разочарува оној кој сака да Го следи.

Каков е патот на оние кои ги живеат новостите на овој свет и не сакаат да ја живеат Христовата новост? – праша Папата и одговори: Денешниот евангелски дел завршува со одлуката на книжниците и фарисеите да го убијат Исуса. Патот на оние кои ја прифаќаат новоста на Исус Христос е пат кон мачеништво кој не е секогаш крвав, туку тоа е пат на секојдневно мачеништво. Ние сме на пат и нѐ придружува голем судија кој ги поттикнува денешните судии да нѐ фатат во противречност. Но, не смееме да преговараме со новостите на овој свет и да го разводнуваме навестувањето на Евангелието – заврши Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот