Папата: Никогаш не губи надеж и не плаши се да сонуваш

Папата: Никогаш не губи надеж и не плаши се да сонуваш

Папата Фрањо, на Генералната аудиенција која се одржа на 20 септември 2017 гoдина на присутните им се обрати директно со ТИ. Катехезата на Папата ја пренесуваме во целост…

Драги браќа и сестри, добар ден!

Денешната катехеза е на тема „воспитување во надежта“. Затоа директно ќе се обраќам со „ти“ , замислувајќи разговор на воспитувач, и татко со младо момче или било кој човек отворен за учење.

Размисли, таму каде што Бог те засадил, надевај се! Секогаш надевај се! Немој да се предадеш на ноќта: сети се дека првиот непријател кој ќе нè совлада не е надвор од тебе, туку внатре. Затоа не давај простор на горчливите, мрачни мисли. Овој свет е првото чудо, кое Бог го направил и Бог ја ставил во нашите раце милоста за нови чуда. Верата и надежта одат заедно. Верувај во постоењето на најголемата и најубавата вистина. Довери се на Бог Создателот, во Светиот Дух Кој сè движи кон добро, во прегратката на Христос Кој го чека секој човек на крајот од неговиот живот, верувај Тој те чека. Светот напредува благодарение на многу луѓе кои отвориле пукнатини („го пробиле ледот“), кои граделе мостови, кои сонувале и верувале; дури и кога околу себе слушале зборови на исмејување.

Немој никогаш да мислиш дека борбата која овде долу ја водиш, целосно е бескорисна. На крајот на постоењето не нѐ чека бродолом: во нас пулсира семето на апсолутното. Бог не разочарува: ако во нашето срце ја положил надежта, не сака да ја вкочанува со постојана фрустрација. Сè е родено да цвета во вечна пролет. И нас Бог нè создаде да цветаме. Се сеќавам на дијалогот кога дабот од бадемот побарал да му зборува за Бог, а бадемот расцветал. Каде и да бидеш, гради! Ако си на земјата, стани! Никогаш не останувај да лежиш; стани, дозволи да ти помогнат да станеш на нозе. Ако седиш, тргни! Ако те парализира досадата, изгони ја со добри дела! Ако се чувствуваш празен или обесхрабрен, замоли го Светиот Дух да го исполни твоето ништо.

Гради мир меѓу луѓето и не го слушај гласот на оној кој сее омраза и поделба. Не ги слушај тие гласови. Човечките битија, колку и да се различни меѓу себе, создадени се за да живеат заедно. Со спротивностите, трпеливо: еден ден ќе откриеш дека секој во сопственост има парче вистина. Сакај ги луѓето. Љуби ги еден по еден. Почитувај го сечиј пат, дали прав или тежок, бидејќи секој има своја приказна. И секој од нас има своја приказна. Секое дека кое се раѓа е ветување на животот кој уште еднаш се покажува посилен од смртта. Секоја љубов која се јавува е една моќ за преобразба која се стреми кон среќа. Исус ни даде светло кое свети во темнина, брани го, штити го. Таа една свеќа е најголемото богатство доверено на твојот живот.

Пред сè сонувај! Не плаши се да сонуваш! Сонувај свет кој сè уште не се гледа, но кој сигурно доаѓа. Надежта верува во постоењето на создавањето кое се протега до своето конечно исполнување, кога Бог ќе биде сè во сè. Луѓето обдарени со имагинација му ги поклониле на човекот научните и технолошките откритија. Ги избраздија океаните и стапнаа на земја по која никој никогаш не чекорел. Луѓето кои ја негувале надежта исто така се и тие кои го надминале ропството и на оваа земја донеле подобри животни услови. Мисли на тие луѓе.

Биди одговорен за овој свет и за животот на секој човек. Мисли на тоа дека секоја неправда кон сиромавиот е отворена рана, кое го намалува и твоето достоинство. Животот не престанува со твојата смрт и во овој свет ќе дојдат и други генерации кои ќе следуваа после твојата и многу други после нив.

Секој ден од Бог барај го дарот храброст. Сети се дека Исус го победил стравот за нас: Тој за нас го победи стравот! Нашиот најголем непријател не може ништо против верата. А кога во животот ќе се најдеш исплашен од некои тешкотии, сети се дека не живееш само за себе. Во Крштението, твојот живот е веќе потопен во таинството на Тројството, а ти му припаѓаш на Исус. И ако еден ден те обземе страв, или помислиш дека злото е премногу големо за да се соочиш со него, едноставно помисли дека во тебе живее Исус. Он е Тој Кој, преку тебе, со својата благост сака да ги покори сите човекови непријатели: гревот, омразата, злосторството, насиството; сите наши непријатели.

Секогаш имај храброст за вистината, но сети се: никој не е поголем од другиот. Сеќавај се на тоа: над никој не си. Ако би бил последниот кој верува во вистината, немој затоа да се срамиш во човечкото општество. Па, ако би живеел и во тишината на пустеник, носи го во своето срце страдањето на секое создание. Ти си христијанин: и во молитвата предај му сè на Бог. И негувај идеали. Живеј за нешто што го надминува човекот. И ако тие идеали еден ден дојдат за наплата, не престанувај да ги воведуваш во своето срце. Верноста сè постигнува. Ако си згрешил, дигни се: ништо не е почовечко од грешката. И тие исто грешки не мора да бидат твојот затвор. Не биди затвореник на сопствените грешки. Синот Божји не дојде заради здравите, туку заради болните: па дојде и заради тебе. Ако и понатаму грешиш, не плаши се да станеш! Знаеш ли заради што? Заради тоа што Бог е твој пријател.

Ако те обземе горчина, цврсто верувај во сите оние луѓе кои и понатаму работат за доброто: во нивната понизност се крие семето на новиот свет. Дружи се со луѓе кои се со детско срце. Учи од нивните воодушувувања и негувај ги (во себе). Живеј, љуби, сонувај, верувај и со Божја милост, никогаш не очајувај.

РВ/к.мк

Таг: Генерална аудиенција

Клучни зборови: папа Фрањо, Генерална аудиенција, надеж,

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот