Папата: Нема да се изморам да зборувам за достоинството на работата

Папата: Нема да се изморам да зборувам за достоинството на работата

Папата Фрањо упати видео порака до Институтот за развој на претприемништвото (IDEA) и Сојузот на работници од народната економија во Аргентина. Пораката е по повод 57 Средба на IDEA со наслов „Да постигнеме една одржлива Аргентина.

Институтот за развој на претприемништвото од 1974 година промовира тридневна средба со државни и меѓународни бизнис лидери, владини претставници, академци, лидери на невладини организации, синдикални лидери за да расправаат за нови идеи.

Пофалувајќи го просторот за дијалог кој го овозможија организаторите, Светиот Отец изрази надеж дека тоа ќе биде момент на вистинска размена на иновативни придонеси на работодавачите и работниците кои се борат за своето достоинство и за своето семејство.

Папата потсети на благородниот повик на претприемачите кои креативно настојуваат да создадат благосостојба и разновидно производство, а истовремено овозможува отворање на работни места. Нема да се изморам да зборувам за достоинството на работата, нагласи Светиот Отец. Она што дава достоинство е работата. Оној кој нема работа се чувствува како нешто да му недостасува – рече Папата.

Папата напомена дека некои луѓе неточно зборуваа дека тој промовира живот без напор или дека ја презира културата на работата.

Потсетувајќи дека тој е потомок на италијански мигранти кои во Аргентина одат со желба да ги засукаат ракавите за да ја изградат иднината на своето семејство, Папата порача дека тие не ставале пари во банка, туку цигли на земјата. Дом, пред сè. Биле насочени на семејството, нагласи Светиот Отец.

Освен што го изразува и негува достоинството на човечкото битие, работата му овозможува на човекот да ги развива способностите дадени од Бог, помага во создавањето на односи на размена и меѓусебна помош, овозможува да се чувствуваш како Божји соработник во грижата и развојот на овој свет, човекот се чувствува корисен за општеството и солидарно со оние кои ги сака. Затоа работата освен уморот има и потешкотии, таа е пат до созревање, исполнување на личноста, која дава крилја на најубавите соништа – рече Папата.

Со оглед на тоа, јасно е дека субвенциите се само привремена помош, истакна папата Фрањо. Не може да се живее од субвенции. Целта е да се понудат разновидни извори на работа кои на сите им овозможуваат со труд и досетливост да ја изградат иднината. Со разноликоста на луѓето им се отвораат патишта за пронаоѓање на најсоодветен контекст во кој можат да се развиваат сопствените дарови – немаат сите исти способности и склоности – додаде Папата.

На тој пат, дијалогот помеѓу работодавците и работниците не е само важен, туку и плодоносен и ветувачки – заклучува во обраќањето Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот