Папата: На Црквата не и требаат бирократи, туку ревни мисионери

„Вршејќи го своето послание во светот, на Црквата односно на сите нас ни е потребна помош од Светиот Дух за да не застане од страв или во калкулирање, за да не се навикне на одење во сигурните граници“ – рече папата Фрањо на пладневниот наговор на 14 август 2016 година.

Тие два става ја водат Црквата до тоа да биде „функционалистичка“, „никогаш не ризикува“ – рече папата Фрањо.

Во обраќањето до верниците пред молитвата Ангел Господов Светиот Отец се фокусираше на една од трите слики кои Исус ги користи во денешниот евангелски дел – на пламенот. Исус вели: „Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел.“ „Пламенот за кој Исус говори е пламенот на Светиот Дух живото и ефикасно присуство меѓу нас од денот на нашето Крштение. Тој е творечка сила која нè прочистува и обновува, ја изгорува секоја човечка беда, секој егоизам, секој грев, нè преобразува одвнатре, нè обновува и нè прави способни да љубиме“ – објасни Папата.

„Исус сака Светиот Дух да избувне како оган во нашето срце, затоа што само во срцето со пламен на божествена љубов може да даде да расте и напредува Царството Божјо.“ „Ако во целост се отвориме за тој пламен кој е Светиот Дух тој ќе ни дарува смелост и ревност на сите да им го навестуваме Исуса и неговата утешителна порака на милосрдие и спасение.“ Пламенот започнува во срцето – рече папата Фрањо.

„Апостолската храброст која Светиот Дух ја поттикнува во нас како пламен ни помага да ги надминеме ѕидовите и пречките, нè прави креативни“ и нè поттикнува да појдеме по „неистражените и неудобните патишта, пружаејќи им надеж на оние кои ги среќаваме.“

Според зборовите на Светиот Отец „повикани сме секогаш сѐ повеќе да станеме заедница на луѓе кои се водени и преобразени, полни со сочувство, со широки срца и радосни лица.“ Повеќе од било кога се потребни верници кои ќе застанат пред материјалното и духовното сиромаштво „каректиеризирајќи го така одот на евангелизацијата и мисијата со оздравувачкото темпо на блискост.“

Пламенот на Светиот Дух – нагласи Папата – „нè води кон тоа да биде „ближни“ на другите: на луѓето кои страдаат, оние во потреба, до бројни човечки беди, толку проблеми; до бегалците, прогонетите… до оние кои страдаат. Тој пламен доаѓа од срцето.“

Во тој контекст Папата изрази восих за бројните луѓе кои „по целиот свет се посветуваат на навестувањето на Евангелието со голема љубов и верност, неретко дури и по цена на сопствениот живот. Нивното примерно сведоштво“ – продолжи – „нè потсетува дека на Црквата не и се потребни бирократи ниту вредни функционери, туку ревносни мисионери, исполнети со желбата на сите да им го носат Исусовото утешително Слово и Неговата милост.“

„Тоа е пламенот на Светиот Дух. Ако Црквата не го прими тој пламен или не дозволи да влезе во неа станува ладна или само млака Црква неспособна да дава живот затоа што ги прави ладни и млаки христијаните. Денес ќе биде добро да земеме пет минути и да се запрашаме: „Какво е моето срце? Дали е ладно? Дали е млако? Дали може да го прими тој пламен?“

Папата Фрањо на крајот поттикна на молитва за излевањето на Светиот Дух на сите верници „божествениот пламен да ги загрее срцата и да ни помогне да бидеме солидарни со радостите и страдањата на нашите браќа.“ Како пример го наведе свети Максимилијан Колбе „маченик на љубовта.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот