Папата на Цветници: Вие ако замолкнете, камењата ќе повикаат

Папата на Цветници: Вие ако замолкнете, камењата ќе повикаат

Исус влегува во Ерусалим, а мноштвото му воскликнува – рече папата Фрањо за време на Литургиското славење на празникот Цветници, потсетувајќи ги илјадниците верници кои се собраа на плоштадот свети Петар во Ватикан, на настанот кој е темелот на денешната Литургија и од кој произлегува помешана радост која остава горчлив и болен вкус после читањата за маката.

Во тоа славење се испреплетуваат настани на радост и страдање, грешка и успех, кој го прават секојдневниот живот на Исусовите ученици, затоа што успева да го открие сеќавањето и противречностите кои денес често ни припаѓаат на нас кои сме способни да сакаме и мразиме; да се жртвуваме и „да ги миеме рацете“, да бидеме верни или да предадеме.

Во Евангелието јасно се гледа дека за некои радоста која Исус ја предизвикал е причина за вознемиреност и раздразнетост – рече Папата и продолжи: Исус влегува во градот опкружен со своите луѓе, со песни и восклици. Можеме да замислиме дека тоа е воскликнување на сите оние грешници на кои им е простено, кои се излекувани, кои биле отфрлени, кои го доживеале Неговото сочувство кое ги допрело и кое им го вратило достоинството и надежта.

Тоа радосно воскликнување е непријатно и скандалозно за оние кои се сметаат за праведни и верни на законот и обредните правила – рече Светиот Отец и додаде: Неподнослива е таа радост за оние кои станале нечувствителни на болката, страдањето и бедата на другите; неиздржлива радост за оние кои заборавиле на многу примени прилики. Тешко е ја разберат радост и славењето на Божјото милосрдие оние кои се обидуваат да се оправдаат самите себе! Тешко е да се сподели таа радост со оние кои се доверуваат само во сопствената сила и се чувствуваат помоќни од другите!

Така се раѓа лелекот кој вика: „Распни го!“ – рече папата Фрањо и нагласи: Не тој спонтан крик, туку горделив крик кој се обликува од презирот, клеветата, предизвикувањето лажни сведоштва; гласот на оние кои манипулираат со реалноста и создаваат нови верзии за да ги искористат другите; викот на бескрупулозните луѓе кои настојуваат да го зацврстат својот глас, а да ги уништат гласовите на другите. Тоа е лелек на самодоволноста и горделивоста кој без проблем вика: „Распни го, распни го!“ И на крајот ја замолчува надежта и љубовта, ја заспива солидарноста, ги гасне идеалите и луѓето ги прави нечувствителни.

Соочени со сите тие гласови кои викаат, најдобриот противотров е да гледаме во Христовиот крст и да го прифатиме објаснувањето кое се наоѓа во неговиот последен крик – рече Папата и напомена: Христос умре искажувајќи ја својата љубов кон сите нас. Со неговиот крст сме спасени и во никој да не згасне радоста на Евангелието; никој да не остане далеку од милосрдниот поглед на Отецот. Да се гледа крстот значи да ги преиспитаме своите приоритети, избори и дела; да расправаме за сопствената чувствителност кон оние кои се во тешкотии.

Денес на бискупско ниво се слави 33 .Светски ден на млади и Папата ја искористи приликата посебен начин да им се обрати на младите. Драги млади, радоста која Исус ја поттикнува во вас, за некои е вознемиреност и непријатност затоа што со радосни млади луѓе е тешко да се манипулира – истакна Светиот Отец и предупреди: Но, денес постои можноста и за трет крик: „А некои фарисеи од народот Му рекоа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“ Но Он им одговори и рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“

Да се замолчат младите е искушение кое секогаш постоело – рече папата Фрањо. Има многу начини како може младите да се замолчат, да се умртват и заспијат за да не создаваат врева, да поставуваат прашања и да расправаат; за да не се вклучуваат и за нивните соништа да станат фантазија. На оваа недела на Мака Господова, славејќи го Светскиот ден на млади, послушајте го Исусовиот одговор на фарисеите за сите времиња: „Ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат!“

Драги млади, одлучете дали ќе воскликнувате „Осана!“ или ќе викате „Распни Го!“ Одлучете дали ќе молчете – повика на крајот Папата и заврши: Ако другите молчат, ако ние старите и одговорните молчиме, ако светот молчи и ја губи храброста, дали ќе викате? Ве молам, одлучете се пред камењата да започнат да викат.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот