Папата на твитер: Исус е верен пријател Кој никогаш нѐ не напушта

Папата на твитер: Исус е верен пријател Кој никогаш нѐ не напушта

На 5 март 2017 година папата Фрањо објави две пораки на својот твитер профил.

Во првата порака Светиот Отец истакна дека „Исус е верен пријател кој никогаш не нѐ напушта: дури и кога ќе погрешиме, Тој трпеливо нѐ чека да се вратиме кај Него.“ Во втората пак порака ги повика своите пријатели на Твитер да се молат за него и неговите соработници. Имено денес попладне започнаа годишните духовни вежби за Папата и членовите на Римската курија, кои ќе траат до петок, 10 март 2017 година.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот