Папата на Твитер има повеќе од 40 милиони следбеници

Папата на Твитер има повеќе од 40 милиони следбеници

На социјалната мрежа Твитер папата Фрањо е следен од 40 милиони корисници – стои во соопштението на Секретаријатот за комуникации на Ватикан. Неговиот претходник, почесниот папа Бенедикт XVI се придружи на Твитер на 12 декември 2012 година, а сегашниот Папа продолжи да го користи тој начин на комуникација, давајќи му сопствен белег. Во своите твитер пораки папата Фрањо објавува кратки духовни размислувања и поттици и во тие пораки се изјасни за бројни прашања од нашето секојдневие како што се за заедничкиот дом, војните и мирот, нуклеарното оружје или трговијата со луѓе.

Од Секретаријатот за комуникации соопштуваат дека во минатите години бројот на оние кои го следат профилот на папата преку Твитер порасна за 9 милиони. Светиот Отец исто така користи уште еден медиум од „дигиталниот свет“, чиј што број на следбеници заостанува зад Твитер, но сепак е во постојан пораст. Станува збор за Инстаграм, медиум кој првенствено е одреден за фотографии, а Папата засега е следен од скоро 5 милиони луѓе. Профилот на Папата на Инстаграм е активен од 2015 година, а Светиот Отец на таа социјална платформа го следат пред сѐ млади луѓе помеѓу 25 и 34 години од целиот свет, а во тоа предничат две земји: Бразил и САД.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот