Папата на молитвата Ангел Господов: Спасението е дар кој треба да го даруваме на другите

Пораката на денешниот празник Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица може да се сумира во следните зборови: сè е милост, сè е бесплатен дар на Божјата љубов кон нас“ – истакна Светиот Отец Фрањо пред молитвата Ангел Господов на 8 декември на која што се собраа околу 40.000 верници. Во Блажена Дева Марија „нема место за гревот“ бидејќи во неа Бог, како Исусова Мајка ја сочува од источниот грев. На навестувањето на Гавриил Марија не одговара „јас ќе направам по зборовите твои“ туку „нека ми биде по зборовите твои“ бидејќи „според евангелската логика, ништо не е поефикасно и поплодно од слушањето и прифаќањето на Господовото Слово.“

Ставот на Марија ни покажува да биде доаѓа пред направи и треба да се препуштиме на Бог за навистина да бидеме по Неговата волја (…) Марија е приемчива, но не е пасивна. Како што на телесното ниво ја прима силата на Светиот Дух, но после му дава тело и крв на Синот Божји кој во неа се обликува, така на духовното ниво ја прифаќа милоста и со вера одговара на неа“, објасни Папата, додавајќи дека заради тоа свети Августин вели дека „прво зачнала во срцето отколку во утробата“, прво верата, а потоа Господ.

„Ова трајно прифаќање на милоста која е во Марија – по единствената привилегија – без пречката на гревот, е можно за сите“, продолжи папата Фрањо. „Како што Елисавета ја поздравила Марија како „благословена си меѓу жените“ така и ние отсекогаш сме благословени, т.е. љубени и затоа избрани пред постанокот на светот за да бидеме свети и непорочни“ како што пишува свети Павле во Посланието до Ефесјаните. „Марија била сочувана, додека ние сме спасени преку крштението и верата. Меѓутоа, сите – и таа и ние – преку Христос“, нагласи Папата.

Никој не може да го купи спасението! Спасението е бесплатен Господов дар“ – додаде папата Фрањо – и како што бесплатено сме ја примиле „божествената милост која е излиена во срцата наши“, така треба и бесплатно да ја даваме, наследувајќи ја на тој начин Марија која „веднаш бидејќи го прифатила навестувањето на ангелот, оди да го подели дарот на плодност со роднината Елисавета. Бидејќи ако сè ни е дарувано тогаш треба сè на другите да даруваме. Како? Дозволувајќи Светиот Дух од нас да направи дар за другите“, „да нè направи оружје за прифаќање, помирување и простување“, рече папата Фрањо и продолжи: Ако Господовата милост нè преобрази нема да можеме да го задржиме светлото на Неговото лице, туку тоа преку нас ќе ги осветлува другите. „Да учиме од Марија која постојано имала поглед насочен кон Господ“ и „стекнала лице најслично на Христос“, рече Папата, наведувајќи ги зборови од Рајот на Данте и ги воведе собраните верници во молитвата Ангел Господв.

По молитвата, Папата ги поздрави ходочасниците и ги замоли духовно да се соединат со неговото „маријанско попладне“: посетата на базиликата Света Марија Велика  каде што – како што рече – ќе ја чествува иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani и потоа ќе се упати на традиционалната молитва во подножјето на кипот на Безгрешното на Шпанскиот плоштад во Рим. „Ве молам да не заборавите да молите за мене“, потсети Папата на крајот и ги отпушти верниците на својот вообичаен начин.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот