Папата на Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот испрати Твитер порака

Папата на Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот испрати Твитер порака

На Меѓународниот ден на сеќавањето на Холокаустот папата Фрањо испрати порака на Твитер на 27 јануари 2023 година, повторувајќи ги зборовите кажани во поздравите за време на Генералната аудиенција во средата: Омразата и насилството го поттикнаа ужасот на Холокаустот

Сеќавањето на истребувањето на милиони Евреи и други вери не може ниту да се заборави ниту да се негира. Не може да има братство ако прво не се отстранат корените на омразата и насилството што го поттикнаа ужасот на Холокаустот – ова се зборовите од Твитер пораката на папата Фрањо, која ја објави на Денот на сеќавањето на Холокаустот, воспоставен во 2005 година во спомен на жртвите.

Да не се заборави

Соочени со такви цврсти докази, не можеме да се преправаме дека тоа никогаш не се случило; наспроти таквата суровост не можеме да заборавиме, како што истакна Папата во неговиот поздрав за време на Генералната аудиенција во средата, повторувајќи ги тие зборови во денешната Твитер порака: Споменот на тоа истребување на милиони Евреи и други вери не може да се заборави или негира. Не може да има трајна посветеност за заедничкото градење на братство, ако прво не се отстранат корените на омразата и насилството што го поттикнаа ужасот на Холокаустот.

Папата со Едит Брук

Откако неколкупати се сретна со Едит Брук, писателка, поетеса и логорска затвореничка, која го преживеа Холокаустот, папата Фрањо и се заблагодари за сведочењето и оддаде почит – како што рече – на мачениците на лудилото на нацистичкиот популизам. Искрено Ви ги повторувам зборовите што ги кажав од срце во Јад Вашем и кои ги повторувам пред секој човек кој, како тебе, толку многу страдал поради тоа: „Прости, Господи, во име на човештвото!“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот