Папата на Литургијата со старите: Нема иднина за народот кој не ги почитува постарите

Нема иднина за народот без средбата меѓу генерациите; од кои децата од своите родители со благодарност го примат сведоштвото за животот. Тука е и благодарноста до оној кој ни го дава животот; тука е исто така и благодарноста до небесниот Отец – рече Папата во проповедта на светата Литургија на 28 септември која ја славеше со стари луѓе на плоштадот Свети Петар.

Светиот Отец поттикна Евангелието од денешната Литургија да го примиме како Евангелие на средба на младите и старите луѓе: средба полна со радост, вера и надеж. Елисавета е старица но, во неа се открива Божјото милосрдие, бидејќи веќе шест месеци со својот сопруг очекува дете. Марија и во овие околности го покажува патот: оди во средба на старата роднина за да биде со неа, да и помогне, но и од неа, старица, да се поучи, бидејќи таа е животна мудрост – рече папата Фрањо и додаде дека првото читање со различните изрази ја одржува четвртата Божја заповед: „Почитувај ги татко свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог. (2. Мој 20, 12). Нема иднина за народот без средбата меѓу генерациите; од кои децата од своите родители со благодарност го примат сведоштвото за животот. Тука е и благодарноста до оној кој ни го дал животот; тука е исто така и благодарноста до небесниот Отец – рече Папата и кажа дека постојат генерации кои заради сложени историски и културни причини, силно ја доживуват потребата за независност од родителите; речиси „ослободување“ од наследството, од претходната генерација. Ако таа средба не се обнови, ако не се пронајде нова и плодна рамнотежа помеѓу генерациите – смета папата Фрањо – последицата е сериозно осиромашување на самиот народ. Предупреди исто така дека слободата која преовладува во општеството е лажна слобода која речиси секогаш е минлива во однесувањето. Исус не го укинал законот за семејството, ниту преминот меѓу генерациите, туку ги исполнил. Основал ново семејство во кое крвните врски се подложени на односот кон Него и волјата на Бог Отецот. Но, љубовта кон Исуса и Отецот го донесува плодот на љубовта кон родителите, браќата и сестрите, дедовците и бабите, ги обновува семејните односи со Евангелието и Светиот Дух. Свети Павле препорачува до Тимотеј кој е пастир, а со тоа и отец на заедницата, да негува почит кон старите и другите членови на семејството, и го поттикнува тоа да го прави со став на син: кон старец, како да ти е татко; кон старите жени како мајки (1 Тим 5, 1) – повтори Светиот Отец.

Водачот на заедницата не е ослободен од ова Божја волја; уште повеќе љубовта Христова го поттикнува тоа да го прави со поголема љубов. Како Дева Марија која – иако станала мајка на Месијата – се чувствува повикана од Божјата љубов во неа овоплотена да ја посети старата роднина. Да се вратиме на она слика полна со радост и надеж; многу вера и љубов. Младата Марија сè слушала и го чувала во своето срце. Мудроста на Елисавета и Захарија ја збогатила нејзината душа. Тие не биле стручњаци за мајчинство и татковство, бидеќи и тоа за нив била прва бременост – истакна Папата – но биле Божји стручњаци во верата; стручњаци во надежта која доаѓа од Него, а тоа е она што на светот му треба во секој момент. Марија умеела да ги слуша овие стари родители и од нивната мудрост црпела богатство што е од непроценлива вредност за неа како жена и мајка. Па, Дева Марија ни го покажува патот на средба помеѓу младите и старите луѓе.  Иднината на еден народ неопходно ја претпоставува ова средба: младите луѓе на народот му дават сила за одење, а старите луѓе на таа сила го додаваат сеќавањето и мудроста – кажа на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот