Папата на Велики Четврток: Очите на свештенициете да бидат впeрени во Христос

Папата на Велики Четврток: Очите на свештенициете да бидат впeрени во Христос

На светата Миса со посвета на мирото, која папата Фрањо ја служеше на Велики Четврток, 14 април 2022 година, ги повика свештениците да ја негуваат милоста на погледот кон Исус за подобро да му служат на Бога и на луѓето.

Да се биде свештеник е голема благодат, им порача папата Фрањо на свештениците на Велики Четврток, предводејќи ја светата Миса со посвета на мирото во базиликата Свети Петар. Тој потсети дека свештенството е благодат која е пред сѐ за доброто на христијанските верници, а не само за свештениците.

Нашиот народ заслужува и треба да му служат свештеници со чиста совест, рече Папата во проповедта, повикувајќи го собраното свештенство да му биде верно на Бога, дозволувајќи му да ги сака и да им прости.

Поглед упатен во Христа

Фокусирајќи се на пасус од Евангелието по Лука: „Очите на сите во синагогата беа вперени во Него“ (Лука 4,20), Папата рече дека кога Исус повторно ќе дојде на крајот на времињата, секој поглед ќе биде привлечен кон распнатиот и воскреснат Господ, што ќе нè натера да го признаеме и да му се поклониме. Ќе го препознаеме, напомена, и ќе се препознаеме такви какви што сме навистина.

Но, и денес е неопходно свештениците да ја негуваат оваа благодат на упатување на погледот кон Христа, благодарејќи му на Господа за благодатните денови, но и изнесувајќи ги пред него нашите искушенија со кои се соочуваме за да можеме да ги победиме.

Препознавање на скриените идоли

Папата, исто така, ги предупреди свештениците на три „скриени идоли“ кои можат да го ослабат свештеничкото звање и да го отворат срцето за Злото и постепено да се одвојат од добротворното присуство на полната љубов на Исус, Духот и Отецот.

Првиот е духовната световност, културата на минливото, што се манифестира во триумфијализам „без крст“. Световниот свештеник, рече Папата, не е ништо друго туку клирикализиран паган.

Друго искушение е од бројките да се прават идоли, што е видливо кај свештениците опседнати со статистика. Но, луѓето не можат да се сведат само на бројки, предупреди Папата. Божјите дарови не можат да се мерат со таквиот критериум.

Третиот тип на идолопоклонство, поврзан со претходниот, е функционализам кој се занимава само со ефикасност, не оставајќи простор за таинството. „Функционалистичките свештеници“, рече Папата, се загрижени за ефективноста на нивните сопствени програми.

Да се искорени идолопоклонството

Само Христос може да ги разоткрие овие идоли – нивното присуство, корени, функционирање, рече Папата и ги охрабри свештениците да му дадат простор на Господ да ги уништи овие скриени идоли. Мора да бидеме свесни за нив, да внимаваме да не се прероди плевелот на тие идоли што ги криевме во наборите на нашите срца, предупреди тој.

Папата Фрањо ја заврши проповедта со молитва за застапништво на свети Јосиф, чедниот татко, ослободен од скриените идоли, да ги ослободи свештениците од посесивноста и да бидат обдарени со благодатта на истрајност во задачата да ги распознаваат идолите. На овој начин, рече Папата, со благородно срце ќе можеме да се потчиниме на доброчинството што сме го научиле според законот.

Ватика њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот