Папата на Ангел Господов: Родителите се Божји соработници

Папата на Ангел Господов: Родителите се Божји соработници

На 24 јуни 2018 година, на празникот Раѓање на свети Иван Крстител, папата Фрањо на плоштадот Свети Петар во Ватикан ја предводеше молитвата Ангел Господов. При тоа истакна дека секој човек е отпечаток Божји и дека родителите по раѓањето на децата се Божји соработници.

Дали мојата вера е радосна или плитка? – ги праша Папата верниците присутни на плоштадот Свети Петар. Во центар на размислувањето на Папата беше токму празникот Раѓање на Свети Иван Крстител. Тоа е настан кој го расветлува животот на неговите родители Елисавета и Захрија и ги донесува неговите роднини и соседи во радост и чудење – рече Папата и додаде: Тие стари родители сонувале за овој ден и се подготвувале за него, но повеќе не го очекувале: се чувствувале исклучени, понижени, разочарани, бидејќи немале деца.

Божјот дело ја надминува нашата логика

Соочени со навестувањето дека ќе им се роди син, Захарија не поверувал, бидејќи природните закони тоа повеќе не го дозволуваат. Светиот Отец напомена дека Господ поради тоа го прави да биде нем до моментот на раѓање. Бог имено не зависи од нашата логика и нашите ограничени човечки способности. Соочени со Божјото таинство, треба да научиме да се надеваме и да молчиме и во понизност и тишина да го посматраме неговото дело, кое се гледа во историјата и многу пати ја надминува нашата моќ на предвидување – рече папата Фрањо.

Сега нивната радост е голема – рече Папата. Денешното Евангелие ни го опишува Раѓањето на свети Иван Крстител и се концентрира на моментот давање име на детето. Елисавета го избира името кое не е познато на семејната традиција. Светиот Отец објасни дека Иван, бесплатен и неочекуван дар, ќе стане сведок и навестител на Божјата милост за сиромашните, кој со понизна вера го очекуваат спасението од Него.

Чудење, изненаденост, благодарност

Папата напомена дека целиот настан на Раѓањето на Иван Крстител е одбележан со радосно чудење, изненаденост и благодарност. Верниот народ препознава дека се случило нешто големо. Светиот Отец рече дека верниот народ Божји е во состојба да ја живее верата радосно, со чувства на чудење, изненаденост и благодарност. Имајќи го тој настан пред очи, нѐ поттикнува да направиме испит на совеста и да се прашаме: Каква е мојата вера? Дали е радосна или „плитка“ и секогаш иста? Дали е отворена за Божјите изненадувања? Па нашиот Бог е Бог на изненадувања! Дали во душата го „вкусив“ тоа чувство на чудење кое го дава Божјата присутност, тоа чувство на благодарност? – праша папата Фрањо.

Семејството како светиште на животот

Нека Богородица, Дева Марија ни помогне да сфатиме дека во секоја човечка личност е Божјиот отпечаток извор на животот. Нека таа, Божја Мајка и наша, ни помогне да станеме сѐ повеќе свесни дека родителите се соработници Божји кога се раѓаат децата – истакна Светиот Отец и заврши: Тоа навистина е возвишено послание кое од секое семејство прави да биде светиште на животот и секое раѓање на дете буди радост, чудење и благодарност.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот