Папата најави средба на млади како подготовка за синодата

Папата најави средба на млади како подготовка за синодата

На Генералната аудиенција во среда 4 октомври 2017 година папата Фрањо ја објави одлуката на Генералниот секретар на Епископската синода да свика претсинодална средба од 19-24 март 2018 година, на која ќе бидат поканети млади од различни делови на светот.

На настанот ќе учествуваат како млади католици, така и млади од различни христијански деноминации и други религии, но исто така и неверници”.

Иницијативата е во склоп на подготовките за претстојното Генерално собрание на Епископската синода, на тема „Младите, верата и препознавање на повикот”, која ќе се одржи во октомври 2018 година” – рече папата Фрањо.

„Со ова, Црквата сака да го слушне гласот, чувствителноста и верата, но исто така и сомнежите и критиките на младите”, потенцира Папата, кој додаде дека заклучоците од средбата во март ќе бидат предадени на синодските отци.

Во соопштението, Генералниот секретаријат на Епископската синода ја изразува својата благодарност кон папата Фрањо за оваа иницијатива, која ќе им овозможи на „младите да ги искажат своите очекувања и желби, како и својата несигурност и вознемиреност за сложените настани на современиот свет”. На оваа претсинодална средба – се прецизира во соопштението – „ќе бидат поканети млади, претставници на епископските конференции, црковни здруженија и движења, од други Цркви и христијански заедници, од други религии, од училишната, универзитетската и културната сфера, претставници на спортот, уметноста, волонтери и млади кои живеат во екстремни егзистенцијални маргини, како и експерти и едукатори, помагајќи им на младите да донесуваат важни одлуки во животот”.

Средбата ќе придонесе за збогатување во оваа фаза на советување, која започна со објаувањето на подготвителниот документ и соодветниот прашалник, со активирање на интернет страницата на која е објавен и прашалникот упатен до младите, како и Меѓународниот семинар за условите на младите во светот, кој се одржа во септември. Плодовите на овој состанок ќе им бидат дадени на синодските отци заедно со останатата документација за да им помогнат при нивното размислување и работа”.

Датумот за средбата, 25 март, е избран за да се овозможи на младите учесници да присуствуваат на Литургијата за Цветници, која ќе ја предводи Папата на плоштадот „Свети Петар” а по повод Светскиот ден на млади 2018 на тема „Не бој се, Марија, зашто ти нашла милост пред Бога”(Лука 1, 30).

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот