Папата наполни 83 години

Папата наполни 83 години

По повод роденденот на Папата пристигнуваат желби и молитви на верниците од целиот свет

Месец деекмври е важен за папата Фрањо, кој пред неколку дена, поточно на 13 декември, го прослави својот 50. свештенички јубилеј.

Денес пак на 17 декември го слави својот 83 роденден. Верници од целиот свет испраќаат честитки до Светиот Отец за неговиот роденден. Милиони луѓе ги користат социјалните мрежи за да ги испратат своите честитки до Папата.

Голем е бројот и на шефови на држави и верски лидери, вклучувајќи го и почесниот папата Бенедикт Шеснаесетти, кои упатија честитки за овој посебен ден.

Во оваа прилика и Католици.мк го честита роденденот на папата Фрањо и го препорачува во вашите молитви.

к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот