Папата молеше за наставниците и учениците

Папата молеше за наставниците и учениците

Папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 24 април, посебно ги спомна тешкотиите на наставниците и учениицте и студентите, затоа што заради пандемијата од коронавирусот се затворени училиштата и факултетите.

Да се молиме денес за наставниците кои мора многу да работат за да ги одржат предавањата преку интернет и преку другите средства за комуникација; и да се молиме исто така за студентите кои мора да ги полагаат испитите на начин на кој не се научени. Да ги придружиме со молитвата – поттикна на почетокот на светата Литургија.

Во проповедта се осврна на Евангелието за Литургијата кое зборува за умножувањето на лебовите и рибите. „А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи,“ таа реченица нè поттикнува на размислување – рече Папата зборувајќи за разговорот на Исус со Филип. Тоа е она на што Исус мислел кога прашал: „Од каде да купиме леб, за да јадат овие?“ Исус ги става на искушение апостолите кои не знаат како да го нахранат силното мноштво кое ги следело. Постојано ги ставал на искушение за да ги поучува; кога ја преминале границата, тој ги застанал и ги поучувал.

Евангелието е полно со такви Исусови гестови кои им помагале на неговите ученици да растат за да станат пастири на Божјиот народ, во овој случај епископи – рече Папата и додаде: Една од работите кои Исус најмногу ги сакал е да биде со народот, среде мноштвото. Напротив неговите ученици не сакале мноштво затоа што сакале да бидат блиску до Господ, сакале да слушат сè што зборува. Тоа се подразбира – објасни Папата –  затоа што биле избрани и се чувствувале на некој начин привилегирана група.

Но, Господ ги поправал. Тој ја барал близината со народот и ги поучувал пастирите за да бидат блиску до луѓето, ги поучувал на близината до Божјиот народ за да му служат. Божјиот народ изморува – рече Светиот Отец, затоа што секогаш бара од пастирот конкретни работи, и тој мора да се погрижи за тоа што народот го бара. И кога пастирот е добар, работите се умножуваат, луѓето секогаш се обраќаат на добриот пастир од различни причини.

Исус им вели на учениците: „Дај те им вие да јадат.“ Тоа Исус го кажува и денес на сите пастири: Дајте им вие да јадат. Вознемирени се? Вие утешете ги. Загубени се? Вие покажете им го излезот. Згрешиле? Вие дадете им да ги решат проблемите… После тоа Исус ги отпушти апостолите и оди да се моли, оди кај Отецот. Тука е двојната близина на пастирите – со Отецот и со народот. Исус настојува да им објасни на апостолите, за да станат големи пастири. Но, народот често греш, така и овде греши.

„Кога луѓето  го виделе знакот што Исус го направил, кажале: „Овој е навистина Пророкот, Кој требаше да дојде на светот!“ По умножувањето на лебовите и рибите, народот сака Исус да го направи цар. Можеби било кој апостол би бил задоволен, и би ја искористил таа прилика за здобивање со моќ; тоа е уште едно искушение – рече Папата и додаде: Но, Исус му покажува дека тоа не е вистинскиот пат. Моќта на пастирот е служењето; нема друга моќ, а кога во тоа ќе згрешат го расипува повикот и тој станува управител на пасторски претпријатија, но не е пастир. Структурата не е за пасторал, туку срцето на пастирот. Да Го молиме денес Господ за пастирите на Црквата, Господ да нè поучи да не се плашиме да бидеме во близина на народот – поттикна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот