Папата: Молете Бројаница како што побара Пресвета Богородица

Папата: Молете Бројаница како што побара Пресвета Богородица

На 14 октомври, папата Фрањо упати видео-порака до поклониците кои пристигнаа во Фатима по повод 100. годишнината од последната објава на Пресвета Богородица Фатимска.

Никогаш немојте да се плашете – истакна Светиот Отец во пораката. Бог е многу подобар од сите наши неволји, Тој нас многу нè љуби. Одете напред и никогаш немојте да се одалечете од Мајката, како детето кое е со мајка и се чувствува сигурно, така и ние со Девицата се чувствуваме сигурни, затоа што Таа е нашата сигурност – рече Папата, поттикнувајќи ги на крајот поклониците никогаш од раката да не ја испуштат Бројаницата, никогаш да не ја напуштат, да ја молат како што побара самата Пресвета Богородица.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот